Во организација на ACRID Network, Emkice и Office for Projects and Internationalization – UET European University Tirana, се одржа уште еден значаен регионален настан кој го отвори деканот на Економскиот факултет при UET

Post date:

Author:

Category:

Денес, во организација на ACRID Network, Emkice и Office for Projects and Internationalization – UET European University Tirana, се одржа уште еден значаен регионален настан кој го отвори деканот на Економскиот факултет при UET.
Настанот беше посветен на стартапи, иновации, инвестиции и европски можности за развој на претприемништвото во Албанија, Македонија и поширокиот регион на Западен Балкан.
Како продолжение на активности во Скопје, EMKICE KIC и ACRID Network продолжуваат да градат мостови на соработка помеѓу универзитетите, стартап заедницата, инвеститорите, бизнис секторот и европските партнери.
Посебен фокус на настанот беше интерактивната дискусија со Пауло Андрез, меѓународно признат инвеститор, претприемач, автор на книгата „Zero Risk Startup“ / „Стартап без ризик“ и почесен претседател на European Business Angels Network – EBAN.
Неговото искуство и практични совети отворија важни прашања за тоа како младите претприемачи и стартапи можат да градат одржливи бизнис модели, да привлечат инвестиции и да го намалат ризикот во раните фази на развој.


Дискусиите беа фокусирани на:
🔹 Пристап до инвестиции, бизнис ангели и финансиски инструменти
🔹 Улогата на универзитетите во развојот на претприемништвото
🔹 Поврзување на младите, академијата и бизнис секторот
🔹 Европски проекти и можности за регионална соработка
Настани како овој покажуваат дека Западен Балкан има силен потенцијал за развој на нова генерација претприемачи, стартапи, иноватори и идни лидери.


Преку регионална соработка, европски програми и силни партнерства, продолжуваме да создаваме нови можности за младите и за економскиот развој на регионот.

4,963FansLike
3,960FollowersFollow
130SubscribersSubscribe

INSTAGRAM