Валандово воспоставува проектна соработка со општини од Грција, Шпанија и Турција

Post date:

Author:

Category:

Општина Валандово започнува активности за воспоставување меѓународна проектна соработка со локални самоуправи од Грција, Шпанија и Турција, со цел заедничко учество во европски проекти и развој на нови партнерства.

Во име на градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев, доставени се официјални писма за воспоставување соработка со општините Хераклион, Ретимхо и Чаниа од островот Крит, Република Грција, како и со Општина Ваљадолид и регионалната влада со седиште во Ваљадолид, Шпанија.

Како дел од иницијативата, во мај 2026 година Општина Валандово ќе биде домаќин на експертски делегации од Грција и Шпанија, со цел размена на искуства, унапредување на меѓуопштинската соработка и поврзување на локалните самоуправи во рамки на европски програми и фондови.

Паралелно, остварени се и работни средби со претставници на Градот Истанбул и општините Бејоглу (Beyoğlu) и Ускудар (Üsküdar), на кои биле разгледани можностите за идни партнерства и заеднички проектни иницијативи.

Од Општина Валандово посочуваат дека воспоставувањето на меѓународни партнерства претставува можност за привлекување европски средства, размена на знаење и развој на проекти од интерес за локалната заедница.

4,963FansLike
3,960FollowersFollow
130SubscribersSubscribe

INSTAGRAM