EMKICE KIC и ACRID Network успешно организираа настан на високо ниво посветен на стартапи, иновации, инвестиции и европски можности за развој на претприемништвото во Северна Македонија и Западен Балкан.
Посебен момент на настанот беше интерактивната сесија со Пауло Андрез, меѓународно признат инвеститор, претприемач и автор на книгата „Zero Risk Startup“ / „Стартап без ризик“, која официјално ќe e достапна на македонски и албански јазик.

Дискусиите беа фокусирани на:
🔹 Развој на стартап екосистемот
🔹 Пристап до инвестиции и бизнис ангели
🔹 Иновации и претприемништво
🔹 Соработка помеѓу универзитетите и бизнис секторот
🔹 Европски проекти и можности
🔹 Вештини за дигиталната и зелената транзиција
Посебна благодарност до сите говорници, партнери, институции и учесници кои придонесоа за одличната атмосфера, вредните дискусии и новите можности за соработка.

Настани како овој продолжуваат да го зајакнуваат регионалниот иновациски екосистем и да создаваат нови можности за млади претприемачи, стартапи и идни лидери.
















