TECNALIA Research & Innovation е приватна непрофитна фондација и истражувачки центар чија цел е преку достигнувањата во технологијата и иновациите да се подобри економијата.

Tecnalia постои од 2011 година, има 1400 вработени и 7 бизнис сектори. Основни области во кои се истражува и на кои се работи се: енергија и животна средина, индустрија и транспорт, софтвер, иновациски стратегии и технолошки сервиси.  Соработуваат со повеќе од 4000 интернационални компании, а досега имаат патентирано околу 500 иновации.

Во овој истражувачки центар, мисијата е јасна- да се создаде паметна и пријателска планета за сите луѓе.Транспортот, мобилноста и логиситиката се стратешки области каде што знаењето и капацитетите на TECNALIA се користат на највисоко ниво.

Токму поради, обемноста на работата на истражувачкиот центар, како и поради иновативните идеи, добитници се на грантови од вкупно 57.208.456 евра. Неповратните финансиски средства, добиени од програмата Хоризон 2020 се наменети за вкупно 121 проект.

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за програмата Хоризон 2020, како и за останатите програми на ЕУ преку кои може да добиете грант за вашиот проект ( иновација), можете опширно да прочитате ОВДЕ