ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ 2016 – EAC/A03/2016
Програма Еразмус +
(2016/C 386/09)
- Вовед и цели
Овој повик за предлог проекти се базира врз основа на Регулатива (EУ) бр. 1288/2013 на Европскиот парламент и Советот воспоставувајќи ја програмата ‘Еразмус+’: Програмата на Европска унија за образование, обука, млади и спорт како и на 2016 и 2017 Еразмус+ Годишната работна програма. Програмата Еразмус + го опфаќа периодот од 2014 до 2020. Специфичните цели на Еразмус + се наведени во членовите 4, 5, 11 и 16 од Регулативата.
- Акции
Овој повик за предлог проекти ги опфаќа следните акции на Програмата Еразмус +:
Клучна акција 1 (КА1) – Мобилност за учење на индивидуи
- Мобилност на индивидуи во областа на образование, обука и млади
- Стратешки ЕВС проекти
- Настани од големи размери – Европски волонтерски сервис
- Еразмус Мундус – заеднички мастер дипломи
Клучна акција 2 (КА2) – Соработка за иновација и размена на добри практики
- Стратешки партнерства во областа на образование, обука и млади
- Алијанси на знаења
- Градење на капацитети во областа на високото образование
- Градење на капацитети во областа на младите
Клучна акција 3 (КА3) – Поддршка за реформи на политиките
- Структурен дијалог: Состаноци помеѓу млади луѓе и носители на одлуки во областа на младите
Жан Моне активности
- Жан Моне катедри
- Жан Моне модули
- Жан Моне центри на извонредност
- Жан Моне поддршка за здруженија
- Жан Моне мрежи
- Жан Моне проекти
Спорт
- Партнерства за соработка
- Мали партнерства за соработка
- Непрофитни Европски спортски настани
- Подобност
Секоја јавна или приватна институција активна во полето на образование, обука, млади и спорт може да аплицира за да биде финансирана во рамките на програмата Еразмус +. Понатаму, групи од млади лица кои се активни во полето на младинска работа, но не е неопходно да се во контекст на младински организации, можат да аплицираат за финансирање на мобилност на млади и младински работници, како и за стратешки партнерства во областа на млади.
Програмата Еразмус + е отворена за учество во следните земји[1]:
Следните програмски земји можат целосно да учествуваат во сите акции на Програмата Еразмус+:
- 28 земји членки на Европска унија,
- ЕФТА/ЕЕА земји: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка,
- Земји кандидатки за членство во ЕУ: Турција, Македонија
Покрај тоа, одредени акции од програмата Еразмус+ се отворени за организации од партнерски земји.
Ве молиме погледнете го програмскиот водич Еразмус+ за дополнителни детали во врска со учеството во програмата.
- 4. Буџет и траење на проектите
Вкупниот буџет наменет за овој повик за предлог проекти се проценува на 2 157,1 милиони евра:
Образование и обука |
: |
1 905,4 милиони евра[2] |
Млади |
: |
209,1 милиони евра |
Жан Моне |
: |
10,8 милиони евра |
Спорт |
: |
31,8 милиони евра |
Вкупниот буџет наменет за повикот за предлог проекти како и нејзината поделба е индикативна и може да биде изменета врз основа на амандман на Еразмус+ Годишната работна програма. Потенцијалните апликанти/корисници се советуваат редовно да го проверат Еразмус+ Годишната работна програма и нејзините амандмани, објавени во:
http://ec.europa.eu/dgs/education_culture/more_info/awp/index_en.htm
во однос на расположливиот буџет за секоја акција опфатена со овој повик.
Нивото на доделени грантови како и времетраењето на проектите зависат од фактори како што се видот на проектот и бројот на партнерикои се вклучени.
- 5. Краен рок за доставување на апликации
Сите крајни рокови за доставување на апликации се специфизирани на пред и до 12.00 часот (напладне), Бриселско време.
Клучна Акција 1
Мобилност на индивидуи во областа на образование и обука |
2 февруари 2017 |
Мобилност на индивидуи само во областа на младите |
2 февруари 2017 |
Мобилност на индивидуи само во областа на младите |
26 април 2017 |
Мобилност на индивидуи само во областа на младите |
4 октомври 2017 |
Стратешки ЕВС проекти |
26 април 2017 |
Настани од големи размери – Европски волонтерски сервис |
5 Aприл 2017 |
Еразмус Мундус – заеднички мастер дипломи |
16 февруари 2017 |
Клучна Акција 2
Стратешки партнерства во областа на образование, обука |
29 март 2017 |
Стратешки партнерства во областа на млади |
2 февруари 2017 |
Стратешки партнерства во областа на млади |
26 април 2017 |
Стратешки партнерства во областа на млади |
4 октомври 2017 |
Алијанси на знаења |
28 февруари 2017 |
Градење на капацитети во областа на високото образование |
9 февруари 2017 |
Градење на капацитети во областа на младите |
8 март 2017 |
Клучна Акција 3
Состаноци помеѓу младите луѓе и носители на одлуки во областа на младите |
2 февруари 2017 26 април 2017 4 октомври 2017 |
Акција Жан Моне
Катедри, модули, центри за извонредност, поддршка на институции и здруженија, мрежи, проекти |
23 февруари 2017 |
Акција Спорт
Партнерства за соработка |
6 април 2017 |
Мали партнерства за соработка |
6 април 2017 |
Непрофитни Европски спортски настани |
6 април 2017 |
Ве молиме погледнете го Еразмус + програмскиот водич за понатамошните детални инструкции за поднесување на апликации.
- Сумарни детали
Целосни услови за повикот за предлог проекти, вклучувајќи ги и приоритетите, може да се најдат во водичот за Еразмус + програмата на следниов интернет портал:
http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources_en
Еразмус + програмскиот водич содржи интегрален дел од овој повик за предлог проекти, како и услови за учество ифинансирање кои целосно се применуваат во овој повик.
Извор: Национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност