Најголемата независна истражувачка организација SINTEF е фокусирана на иновации и технологија и брои 2000 вработени кои работат во областите- обновлива енергија, океаника, инфраструктура, климатски промени, животна средина, индустрија и многу други.

Во склоп на SINTEF, работат повеќе лабаратории и инстути во кои се вршат истражувања од голема важност. Компанијата издава и публикации за својата работа, а сработените проекти ги презентира на јавни настани.

Повеќе од 60 години, SINTEF изнаоѓа технолошки решенија за општеството и за приватните клиенти со кои соработува.

Поради важноста на проектите кои ги изработува, организацијата е наградена со грантови од Хоризон 2020. За вкупно 74 проекти, SINTEF од Хоризон 2020 во 2014, 2015 и 2016 година доби 38.635.185 евра.

Доколку сте заинтересирани за програмата Хоризон 2020, како и другите финансирачки европски програми како Косме и Еразмус, повеќе инфо може да најдете ОВДЕ