Во Лисабон се одржа работна средба со градоначалникот Carlos Moedas (Kарлос Моедас) и министерката за животна средина и енергетика на Португалија, Maria da Graça Carvalho (Марија да Граса Карваљо), посветена на развојот на стартап екосистемите, брзорастечките компании и привлекувањето странски инвестиции.

На настанот присуствуваа претставници на меѓународни организации, директори на технолошки паркови, професори и ректорот на Техничкиот универзитет ТУ Делфт од Холандија, како и претставници на ACRID Network и Euro Macedonian KIC – EMKICE.

Во рамки на посетата беше остварен и прием во Министерството за животна средина и енергетика на Португалија, каде беа разгледани можностите за понатамошна соработка и развој на иновативни проекти
















