РАБОТНА ПОСЕТА НА КАВАДАРЦИ И ВАРДАРСКИОТ РЕГИОН: Се разгледуваат локации за уникатен Балкански центар за креативни индустрии вреден 4 милиони евра

Post date:

Author:

Category:

Делегација од мрежата ACRID Network, со учество на Н.Е. Андријана Цветковиќ, поранешна амбасадорка на Македонија во Јапонија и сегашна советничка на министерот за култура на Јапонија, оствари сеопфатна работна посета на Кавадарци и Вардарскиот плански регион.
За време на посетата беа обиколени иновативните локални студија „351 Studio“ и „Sky Eye Entertainment“ — компании кои креираат видео и музички спотови за светски познати музички ѕвезди.

Програмата опфати и посета на Домот на културата и Музејот во Кавадарци, како и официјални средби со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, и директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

Фолкус на вештачката интелигенција, екологијата и руралниот туризам
За време на работните состаноци беа отворени повеќе стратешки теми за развој на регионот:
Култура и креативни индустрии: Искористување на локалните капацитети за глобални медиумски проекти.
Вештачка интелигенција и дигитални индустрии: Интеграција на нови технологии во креативните процеси.
Екологија и одржлив развој: Проекти за заштита на животната средина, управување со водите и унапредување на руралниот туризам во Вардарскиот регион.

4 милиони евра за Тренинг центар за CGI CoVE проектот
Како клучна точка на разговорите се издвои разгледувањето на потенцијални локации за изградба на Тренинг центар за креативни индустрии во рамките на европскиот проект CGI CoVE Project.
Овој проект, со предвиден буџет од 4 милиони евра, е единствен од ваков вид на Балканот и треба да овозможи врвна обука и развој на млади таленти во областа на компјутерската графика, дигиталните индустрии и визуелните уметности.

4,963FansLike
3,960FollowersFollow
130SubscribersSubscribe

INSTAGRAM