🤝 Во рамки на денот се одржа и првиот партнерски состанок за новиот проект CAAIVE, (UKIM, N.Kreativa, Emkice, CDSEPR), на кој деканот на Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје, проф. др. Миле Маркоски, ги презентираше плановите и активностите за 2026 година насочени кон фармерите од Југоисточниот регион.

🇪🇺 Беа презентирани и предложени студиски посети во земји од ЕУ за 2026, каде што 10-те градоначалници ќе имаат можност:
✅ да го презентираат регионот и своите општини во Европскиот парламент
✅ да се разгледаат нови проекти за секоја општина посебно со свои колеги од други региони од ЕУ
✅ да се изберат најдобрите фармери од регионот кои ќе се придружан на студиската посета во Брисел и во Холандија
📌 Со голема чест споделуваме дека Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје (УКИМ), Нова Креатива, Емкице и Centar za razvoj na Jugoistocen region, се официјално дел од нов централизиран Еразмус+ проект, по добиеното известување.
💶 Нов проект од 4,5 милиони евра за креирање на CoVE центар:
🌾🤖 CAAIVE–CoVE
Center of Agricultural AI Vocational Excellence, AI and Precision Farming (Agriculture 4.0)
🚀 Во следните 4 години, заедно со партнери од Грција, Полска, Италија, Романија и Латвија, ќе помогнеме да донесеме вештачка интелигенција и прецизно земјоделство (Земјоделство 4.0) директно до:
👨🌾 фармерите
🏫 училиштата за стручно образование и обука
🏢 агро-бизнисите во нашиот регион и пошироко
🎯 Цели:
поврзување на земјоделците, задругите, стартапите и МСП со нови обуки и услуги за Agriculture 4.0
поддршка на центарот CAAIVE-CoVE со настани, иновациски услуги и вмрежување во ЕУ
✨ Ова совршено се совпаѓа со нашата мисија 2026–2030 во SPACE Park Skopje:
👉 да им дадеме на луѓето во Југоисточна Европа вистински вештини, вистински партнери и вистински можности во ЕУ за зелена и дигитална транзиција.
🙋♀️🙋♂️ Кој може да се придружи?
Земјоделци, групи на производители, рурални фирми, училишта за средно образование, универзитети, општини и центри за регионален развој.
















