Project Elevate, посветен на поддршка на девојките и жените во зелените „net-zero“ технологии

Post date:

Author:

Category:

Вчера 9ти Фев. со професионален превод на македонски јазик, албански јазик и англиски јазик, во навистина позитивна и пријатна атмосфера го одржавме најавениот настан:
Почеток на кампањата за поддршка на девојки и жени во зелени професии, во рамки на проектот ELeVATE финансиран од ЕК централизираната компонента на Ерасмус+ програмата.

Како поддржувачи и клучни говорници настапија:
• министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска
• заменик министерство за европски прашања проф. д-р Викторија Трајков
• директорката на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност м-р Ана Михајлов
• директор на глобалната мрежа WomanInTech – Моника Ризовска Таневска
Јован Коцев, в.д директор на Југоисточниот плански регион (Centar za razvoj na Jugoistocen region

Секоја од нив испрати силни пораки и мотивација за младите девојки и жени, сподели искрени согледувања за застапеноста на жените во нивните области и јасно посочи каде треба да се подобруваме.
Посебно значајно што дадоа силна поддршка за целите на ELeVATE и прифатија да бидат првите „Role Models“ во идни работилници со девојки и жени.

Од приватниот сектор и стартап заедницата, Моника Ризовска Таневска сподели личен пример и ја претстави работата на Women In Tech Macedonia, каде што се здружуваат девојки и жени од технолошкиот сектор, особено ИКТ и СТЕМ.

Посебна инспирација беше и д-р Ана Петреска, лице со церебрална парализа која, со огромна посветеност, завршила факултет, магистратура, потоа и докторат, а потоа основала организација која вработува луѓе и помага на сограѓани со посебни потреби и церебрална парализа.

Регионалниот аспект, Јован Коцев од Југоисточниот плански регион, ги претстави капацитетите и можностите во 10-те општини на југоистокот и сподели една симпатична вистина: тој е единствениот маж во центарот, затоа што целиот тим се жени кои успешно работат на ЕУ проекти. 👏

Ова е само почеток.
Следуваат работилници, менторства и конкретни можности за девојки и жени кои сакаат кариера во зелени, енергетски и „net-zero“ професии.

Благодарност до сите што беа дел од настанот и до сите жени кои секојдневно „го креваат нивото“ во семејството, работата и општеството.

💚 ACRID Network

4,963FansLike
3,960FollowersFollow
130SubscribersSubscribe

INSTAGRAM