Вчера во склоп на #EUClimateAction успешно го реализиравме снимањето и вториот настан во рамки на Project Elevate – “Women in Net-Zero Technologies”, како дел од EU Climate Days 2026.

Имавме говорници со навистина квалитетна и инспиративна програма, со снимање на интервјуа и две панел-дискусии, посветени на улогата на жените во климатските политики, зелената транзиција, руралното претприемништво и дигиталните технологии. Со партнерките организации: Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје, Centar za razvoj na Jugoistocen region, ACRID Network, Macedonian Chambers of Commerce – Сојуз на стопански комори на Македонија Канал 5 Телевизија
Особена чест ни беше присуството на 6 жени “Role Models” заменик министерката за животна средина, г-ѓа Ане Лашкоска, Проф.Др.Marina Nacka, Dina Mucunska, Andrijana Bogdanovska, Ina Markovik, Monika Nikolovska, со што настанот доби дополнителна институционална тежина и значење.

Снимањата со претставници од институции, експерти, партнери, и заинтересирани учесници, а дискусиите отворија важни теми за:
🌱 женското лидерство во зелената и дигиталната транзиција
🌱 новите можности во net-zero технологии
🌱 поддршката за жени во рурално претприемништво
🌱 поврзувањето на иновациите, одржливоста и идните зелени професии
Настанот уште еднаш потврди дека жените имаат клучна улога во создавањето на поодржлива, поиновативна и поконкурентна иднина.

Во следниот период продолжуваме со нови активности во рамки на ELeVATE Project, на 27ми Април и 27ми Мај, како и со подготовките за меѓународниот настан во Брисел,
8–11 јуни 2026, каде ќе ги прошириме овие дискусии на европско ниво со уште 9 земји членки на ЕУ.
Благодарност до сите говорници, учесници, партнери и поддржувачи што беа дел од овој важен настан и снимање.
















