Како што бевме информирани од колегите и партнерите од ACRID Network, во подготовката и поднесувањето на овие нови проектни апликации активно се вклучени и Centar za razvoj na Jugoistocen region, Sinpeks Agro, Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје и Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Следуваат роковите за CREA MEDIA, CERV, POL-EXP, CoVE и Horizon Europe.

За сите заинтересирани и нивните прашања или интерес за вклучување, стоиме на располагање.
ACRID Network поврзува партнери од земји кандидати и асоцирани земји со организации и институции од повеќе од 18 земји-членки на ЕУ, меѓу кои Грција, Шпанија, Италија и Португалија од јужна Европа, како и Латвија, Литванија, Шведска, Полска, Германија, Холандија и Белгија од северна Европа.
Поттикнувајќи силна транснационална соработка, во последниот период, мрежата ја прошируваме и со нови партнерства од Франција, Унгарија и Бугарија.

Овие сојузи претставуваат структурирани и резултатски ориентирани проекти, насочени кон заеднички цели во иновации, образование, развој на вештини и претприемништво.
Партнерите активно учествуваат во европски програми и заеднички иницијативи, како што беа и последните EU Funding Partners Meetings во Брисел одржани на 30–31 јануари 2024, 24–25 ноември 2024, 16–18 септември 2025 и 25–26 ноември 2025, каде што се зајакна координацијата, стратешкото усогласување и подготовката на нови заеднички апликации.
Преку вакви европски партнерства, се создаваат нови можности за унапредување на знаењата и вештините, поттикнување на иницијативноста, развој на иновативни решенија и одржлив раст, како во нашата земја, така и низ цела Европа.
















