Официјално отворена регистрацијата за Brussels Study Trip, EU Funding Networking and Horizon Europe Project Writing Training, што ќе се одржи во Брисел од 8 до 11 јуни 2026 година

Post date:

Author:

Category:

Официјално отворена регистрацијата за Brussels Study Trip, EU Funding Networking and Horizon Europe Project Writing Training, што ќе се одржи во Брисел од 8 до 11 јуни 2026 година со посета на Европска комисија и Европски парламент.
Целосната регистрација и опциите за плаќање се веќе отворени, со цел да се овозможи навремено планирање, резервација на летови и сместување.
Пакетот за учесници од 10 земји вклучува:
– повратен авионски билет од вашиот најблизок / главен аеродром,
– 3 ноќевања во Брисел со појадок,
– ручек и вечера во рамки на официјалната агенда,
– локална транспортна логистика и
– учество на обуката за пишување Horizon Europe проекти
* 630 евра за регистрации и уплати до 10 април 2026
** 772 евра за регистрации до десетти април а уплати од 11 до 19 април 2026, доколку има места. (можна е промена на цените по 10ти април)
Дополнително важат:
– 10% попуст за 2 или повеќе учесници од иста организација
– 50% попуст за членка на ACRID Network
Влезот во институциите на ЕУ и во Европскиот парламент е бесплатен, а овие трошоци за организација и документација се покриени од страна на организаторите и спонзорите.
Ова е вредна можност да:
– се вмрежите со кредибилни партнери за ЕУ проекти и идни конзорциуми,
– добиете директен увид во Брисел / ЕУ средината,
– се сретнете со претставници на ЕУ, министри и заменици,
– ја зајакнете вашата линија на идни ЕУ проектни апликации,
– да ги комбинирате обуката, вмрежувањето и институционалните посети во една програма на високо ниво.
.
Регистрирајте се навреме за да го обезбедите вашето место и да ги искористите условите од пакетот.
4,963FansLike
3,960FollowersFollow
130SubscribersSubscribe

INSTAGRAM