Грант од Хоризон 2020 доделен на DrugStop- проект за детекција на дроги и лична заштита

Преку СМЕ инструментот на европската програма Хоризон 2020, фирмата „D-Managment” успеа да го финализира проектот „DrugStop” и за негова реализација да добие 71.429 €.

DrugStop е проект за детекција на дроги и лична заштита. Поради многуте случаи на силувања, грабежи и изживувања врз жртви кои биле искористени преку ставање дрога во пијалокот, компанијата „D- Managment” се решила да го направи овој проект кој би спасил многу потенцијални жртви. Бројките кои укажуваат колку личности се злоупотребени на ваков начин се страшни- дури 103 ооо луѓе од ЕУ, во рок од една година пријавиле вакви инциденти.

Направата „DrugStop” има способност да открие дали во вашиот пијалок е вметната некаква дрога, како превенција пред да посегнете по чашата и да се напиете. Оваа направа ќе биде корисна како за индивидуалните корисници, така и за персоналот и сопствениците на барови, пабови, дискотеки. Со користење на „DrugStop”  ќе бидат спречени голем број злоставувања со дрога, а и ќе се откријат и криминалците кои се обидуваат да ги издрогираат своите жртви.

Компанијата за подготвка на проектот, аплицирала во Хоризон 2020 програмата, а истиот се реализирал од 2015-2016 година.

Доколку сте и вие заинтересирани за програмата Хоризон 2020 како и СМЕ инструментот повеќе информации може да прочитате на следниов линк- https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdKnK-e2X_5TpwnE8I1Onu4fxO1H1o-CSU5mExdcZ_pdpnV1w/viewform?c=0&w=1

 

 

Green Tech со грант од Хоризон 2020 СМЕ инструментот за производство на спирулина

Отпадната вода од мелниците за маслиново масло на компанијата Green Tech и дала идеја за производство и комерцијализација на спирулина алгата. Сонот на компанијата да започне нов проект се оствари со помош на Хоризон 2020 СМЕ инструментот, од чија соработка произлезе еко-иновативниот процес Респира.

Во моментов индустријата за маслиново масло е една од најрелевантните агро-прехранбени филијали во Јужна Европа.  Целокупниот процес на производството создава огромна количина на отпадни води со високо загадена и фитотоксична содржина. Преку проектот Респира, компанијата GreenTech влезе на пазарот со иновативно решение за третман на отпадните води произлезени од производството на маслиново масло, кое комбинирајќи различни техники на филтрација, овозможува добивање на зелени пазарни производи како што се: органско ѓубриво и чиста вода, неоргански хранливи материи кои се користат за одгледување и производство на микроалгата Спирулина. Оваа алга е широко користена во прехранбената индустрија и медицината, благодарение на неговите посебни нутритивни карактеристики.

Респира од Хоризон 2020 доби грант во висина од 71.429 €, преку инструментот за мали и средни претпријатија.  Проектот се развиваше од 2015- 2016 година, а грантот го добија благодарение на сите придобвки за животната средина. Имено, Респира ги поддржува познатите европски предизвици за животната средина, промовирани од Стратегијата за одржлив развој на ЕУ.

Доколку сте заинтересирани да дознаете нешто повеќе за програмата Хоризон 2020 и СМЕ инструментот,
како и доколку имате одлична идеја за проект, повеќе информации има овде и овде.

 

Funbrush- уред коj ги освои симпатиите на децата со помош на грантот од Хоризон 2020

FunBrush е уред кој ги учи децата да ги мијат забите и оваа активност ја прави забавна и авантуристичка.

Фирмата која стои зад овој уред, се решила својот производ да го презентира пред Европската Комисија и да аплицира за грант од програмата Хоризон 2020, поточно инструментот за мали и средни претпријатија. Неповратните средства биле одобрени во 2016 година, поради исклучителното влијание на уредот врз детското здравје.

Искуствата на родителите потврдени од истражувачки специјалисти покажале дека многу деца активноста- миење заби ја сметаат за здодевна, но што е уште поважно- тие не ги разбираат последиците од нечеткањето или четкањето со погрешна техника. Во светот 60-90 % од децата страдаат од забен кариерас, па затоа е важно да се фокусираме на едукација за зачестеноста и времетраењето на четкањето. Тоа е клучен аспект за решавање на денталните проблеми кај децата.

Funbrush е одлично решение за родителите кои се соочени со предизвикот да ги натераат своите деца на редовно миење на забите, преку користење на современите технологии. Пакетот е составен од елеткрична четка и забавна апликација за мобилен и таблет. Четкичката се поврзува со апликацијата на која има голем број животни кои имаат проблеми со забите. Додека детето ги четка своите заби, на екранот од телефонот може да гледа како животните од апликацијата ги прават истите потези.

Вкупниот број на неповратни финансиски средства од СМЕ инструментот на Хоризон 2020 , доделени на „Funbrush” изнесува 71 429 евра. Од првото производство на уредот до денеска, популарноста на Funbrush  се повеќе се зголемува.

Доколку и вие сте заинтересирани за програмата Хоризон 2020 како и за  инструментот за средни и мали претпријатија, сите информации може да ги добиете  тука!

TrafficFlow преку Хоризон 2020 грант од 71 429 евра, до заработка на 7 милиони евра!

 TrafficFlow е иновативна, флексибилна платформа со ниски цени за собирање,пренос и анализа на податоци за патиштата.

Преку користење на сензори, камери, напредни компјутерски софтвери и веб и мобилни уреди, TrafficFlow  е рентабилен високо ефикасен одговор на потребата на нашите „паметни“градови- за ниски цени добиваат минимално инванзивни системи за управување со податоците за подобрување на градскиот превоз.

TrafficFlow е производ наменет за локалните власти, професионалци и компании кои работат во областа на паметните градови и од кои сите бараат ниски цени, а високи перформанси. Преку платофрмата може да се соберат голем број податоци за сообраќајот кои се користат за негово управување и подобрување.

Преку СМЕ инструментот фаза 1 од програмата Хоризон 2020, италијанската фирма Магента СРЛ, за проектот TrafficFlow доби  71 429 евра непроватни средства за негово развивање. Бројот на вработени кои ќе работат на проектот, од 17 луѓе во 2017 година, ќе се зголеми на 65 луѓе во 2021 година. Од продажба се очекува фирмата да оствари заработка од над 7 милиони евра во 2021 година.

 

Доколку сте заинтересирани за Хоризон програмата, како се доделуваат грантови, или пак имате готов проект и сакате да аплицирате- повеќе информации на следниов линк: ЕУ ФОНДОВИ 2017


Иновативна машина за еспресо кафе добитник на грант од Хоризон 2020 СМЕ Инструментот

Дека програмата Хоризон 2020 нуди можности на сите кои се креативни и иновативни, доказ е италијанската фирма која доби грант за машина за подготвување кафе еспресо.

Иако кафето е најчесто конзумиран пијалок во светот, сепак досега на пазарот постоеа само професионални машини за еспресо кои трошат многу електрична енергија и не секогаш може да го погодат вистинскиот вкус сакате да го добиете. Италијанската компанија Eurek SRL и произведувачот на машини за кафе- 8Б партнерски се договорија да дизајнираат нова машина која на баровите, рестораните, кафулињата ќе им заштеди околу 50 проценти од досегашната потрошувачка на енергија. Со помалку потрошена електрична енергија, а со постојано топла вода и подобрен вкус овие машини за кафе се револуционерен производ на пазарот.

За овој проект од Хоризон 2020 Инструментот за мали и средни претприатија, двете фирми добија вкупно 71.429 €, а до 2022 година од продажбата на машините за еспресо очекуваат да заработат околу 3 милиони евра.

Доколку и вие сте иновативни и сакате да дознаете повеќе за Хоризон 2020 програмата и како да аплицирате за грант, посетете го следниот линк- ЕУ ФОНДОВИ 2017

 

185 високо иновативни мали и средни претпријатија се финансирани во рамките на Фаза 1 од Инструментот за мали и средни претпријатија

85 мали и средни претпријатија (МСП) од 26 земји беа избрани за финансирање во последната рунда од Инструментот SME Horizon2020 за фаза 1.

 

За секој проект, учесниците ќе добијат 50.000 € за финансирање на „физибилити“ студии за нови производи, кои можат да го нарушат пазарот. Тие, исто така ќе добијат и  три дена тренинг за слободен бизнис.

Европската комисија доби 2.057 предлози во рамките на Фаза 1 од 25 ноември 2015 година, четвртиот и последен критичен датум за 2015 година.185 мали и средни претпријатија ќе добијат  финансиски средства за предложените вкупно 175 проекти.(повеќе мали и средни претпријатија можат да бидат вклучени во еден проект). Ова ја покренува стапка на успех на финансирани предлози до 8,4%.


Најголем дел од финансираните проекти  беа од областа на енергетските системи со ниско ниво на јаглерод. По нив следуваа производство и преработка на храна, биомаркери и медицински помагала.


Шпански малите и средни претпријатија беа особено успешни со 39 корисници прифатени за финансирање, по што следат фирми од Италија (37) и Велика Британија (20). Од започнувањето на програмата на 1 јануари 2014 година, вкупно 1284 мали и средни претпријатија се избрани во фаза 1 на Инструментот за мали и средни претпријатија.

Резултатите за Фаза 2 на Инструментот за мали и средни претпријатија, каде што компаниите добиваат финансирање до 2,5 милиони € за да ги направат своите производи подготвени за пазарот, следуваа околу средината на февруари 2016 година.

Доколку сакате да дознаете како преку овој Инструмент на Хоризон 2020 можете и вие да аплицирате за проект, повеќе информации на следните линкови:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdKnK-e2X_5TpwnE8I1Onu4fxO1H1o-CSU5mExdcZ_pdpnV1w/viewform?c=0&w=1

https://www.facebook.com/eufunding.accelerator/

 

 

38 иновативни мали и средни претпријатија избрани за финансирање во рамките на Инструментот за мали и средни претпријатија Фаза 2

38 мали и средни претпријатија од 13 земји беа избрани во последниот круг на Horizon2020 SME Инструментот Фаза 2.

Секој проект, од 33 вкупно на број, ќе добие до 2,5 милиони € (5 милиони € за проекти од здравство) за финансирање на иновации и активности како демонстрација, тестирање, пилотирање, проширување и минијатуризација, во прилог на развојот на зрел бизнис план за нивниот производ. Компаниите, исто така, ќе имаат корист и од 12-дневниот бизнис тренинг. Повеќето проекти се предложени од страна на едно мало и средно претприатие, но некои компании наоѓаат партнери со кои работат на проектот.

Европската комисија доби 960 предлог проекти од Фаза 2 до пресекот за 2015 година на 17 септември. Стапката на успех за овој прекин е 3,4%, во износ од вкупните трошоци на проектот од 55,3 милиони €.


Италијанските мали и средни претпријатија беа најуспешни со десет корисници кои вкупно ќе добијат 12,7 милиони €, а веднаш зад нив се девет  шпански мали и средни претпријатија кои ќе поделат 13,5 милиони €.

Од започнувањето на програмата на 1-ви јануари 2014 година, 311 мали и средни претпријатија се избрани во Фаза 2 на Инструментот за мали и средни претпријатија.

Доколку сте заинтересирани за проекти, или пак сакате да аплицирате, повеќе за оваа програма може да прочитате на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdKnK-e2X_5TpwnE8I1Onu4fxO1H1o-CSU5mExdcZ_pdpnV1w/viewform?c=0&w=1

 

Најстариот универзитет на светот-корисник на грантови од Хоризон 2020

Универзитетот во Болоња е најстариот универзитет  во светот кој се уште е активен, а основан е во 1088 година. За 84 проекти, преку програмата Хоризон 2020 има добиено финансиска поддршка од точно 28.429.641 евра.

На овој престижен италијански универзитет студираат 85,500 студенти од сите страни на светот. Преку грантови, постои можност и за македонски студенти да добијат стипендија и своето образование да го надградат на овој универзитет. Така ќе продолжат по стапките на некогашните студенти кои биле дел од Универзитетот во Болоња, а денеска се запишани во историјата како великани- Никола Коперник, Данте Алигери, Франческо Петрарка и Умберто Еко кој подоцна бил и професор.

Проектите кои се финансирани од Европската Комисија и програмата Хоризон 2020 се од различни полиња на дејствување за подобрување на општеството, здравјето и околината. Дел од проектите на кои работат студентите и научниците од Болоња се за ефикасна и сигурна енергија, регулирање на здрава храна, паметен и зелен транспорт, безбедност и слобода на сите граѓани на Европа и агрокултурниот сектор.

Повеќе за програмата Хоризон 2020 и како да аплицирате со проект за добивање на неповратни финансиски средства-грантови, може да дознаете на следниов линк- https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdKnK-e2X_5TpwnE8I1Onu4fxO1H1o-CSU5mExdcZ_pdpnV1w/viewform?c=0&w=1

„Weizmann” Институтот за Наука од Израел со 51 милион од Хоризон 2020

Институтот за Наука „Weizmann“ се наоѓа во Реховот, јужно од Тел Авив, а е осонован во 1934 година. Финансиски средства од Хоризон програмата добива поради истражувањето во природните и егзактните науки.

Во институтот работат околу 2500 научници, докторанти и студенти.  Досега од „Weizmann” произлегле тројца лауреати на Нобеловата награда и уште неколку со награди за врвни достигнувања во науката.  Бројни откритија во математиката, микробиологијата, физиката, астрофизиката, биохемијата и други научни гранки се само мал дел од биографијата на Институтот за Наука од Израел.

Голем број на научните достигнувања се финансирани од Хоризон 2020 и Европската Комисијата. Проектите на „Weizmann”  се навистина општокорисни и придонесуваат за подобрување во повеќе сфери. На пример проектот ContactLube нуди подобрени и поефикасни леќи за очи. Потоа проектот Metknock го контролира одгледувањето на храна која не е ГМО и создава услови за производство на поздрави прехрамбени продукти. Тука е и големиот проект Sociosmell, кој помага при човекови заболувања и подобрување на здравјето.

Хоризон 2020 го финансира Институтот за Наука со вкупно 51.731.718 милиони за точно 61 проект, во период од 2014-2016 година.

Доколку сте заинтересирани за програмите на Европската комисија и сакате да дознаете нешто повеќе за Хоризон 2020 и проекти со кои може да аплицирате, повеќе информации имате на следниот линк – ТУКА

 

 

 

Водечкиот шпански универзитет, еден од најголемите корисници на Хоризон 2020 програмата

The Universitat Politècnica de Catalunya“ (UPC) е шпански универзитет кој во државата има добиено најмногу финансиски средства од Хоризон 2020 програмата.

Неповратните средства од Хоризон, УПЦ ги има добиено за истражување и иновации. Моментално работи на 15 проекти за кои од европската програма доби 38 милиони евра. Од 2014 година, па навака универзитетот учествувал со вкупно 55 проекти, а вкупниот буџет до 2020 година изнесува 74 милиони евра. До завршувањето на програмата, УПЦ ќе има вкупно 81 проект, а во дел од нив ќе се јавува само како партнер.

Проектите за кои шпанскиот универзитет доби неповратни грантови се од различни полиња како информатичка и комуникациска технологија, енергија, вселена, животна средина и здравје.

Доколку сте заинтересирани за повеќе информации, околу програмата Хоризон и доделувањето на грантови, односно неповратни финансии за проекти, повеќе информации може да прочитате на следниот линк- https://www.facebook.com/events/800263813459450/