Во рамки на активностите на SPACE Park Skopje, најавени се нови инвестиции и партнерства насочени кон младите, образованието и здравството.
Донација од 118.000 долари наменета за млади до 18 години, која ќе биде реализирана преку SPACE Park Skopje, True Global Ventures и Coding Giants.

Дополнително, најавени се и нови иницијативи во соработка со Министерството за образование и наука, како и со Министерството за здравство, при што информациите ќе бидат соопштени по одржувањето на состаноците со министрите.
Иницијативите се дел од пошироките активности за поттикнување на иновациите, претприемништвото, образованието и развојот на младите таленти во земјава.
















