На 14–15 мај 2026 година, во Сан Себастијан, Баскија, Шпанија, се одржа конзорциумски состанок на проектот Project Elevate– Empowering Women in Net-Zero Technologies, посветен на зајакнување на улогата на жените во зелената транзиција

Post date:

Author:

Category:

На 14–15 мај 2026 година, во Сан Себастијан, Баскија, Шпанија, се одржа конзорциумски состанок на проектот Project Elevate– Empowering Women in Net-Zero Technologies, посветен на зајакнување на улогата на жените во зелената транзиција, паметната енергија, ВЕТ образованието и идните нето-нула технологии.


Во рамки на дводневната работна средба, партнерите имаа можност да ја одржат својата координациска средба во просториите на Регионалната влада и Министерството за образование на Баскија, како и да посетат значајни едукативни (VET) ВЕТ центри, каде што беа претставени практични модели на стручно образование, поврзаност со индустријата и развој на вештини за идните зелени професии.


За време на состанокот беше презентиран досегашниот напредок на проектот, подготвената проектна документација за следниот период, како и активностите кои ќе се реализираат до крајот на оваа година и во првиот квартал од следната година.
Особено ни беше чест што ги презентиравме првите Role Models, жени од Македонија, кои преку својот личен и професионален пример покажуваат дека жените имаат значајна улога во енергетиката, зелената транзиција, европските политики, животната средина, бизнисот, медиумите и општествените промени.


Во рамки на македонските активности заедно со Euro Macedonian KIC Emkice, ACRID Network, Centar za razvoj na Jugoistocen region беа презентирани и настаните поддржани од министерката за енергетика на Македонија, заменик министерката за европски прашања, заменик министерката за животна средина, директорката на националната агенција за образовни програми Еразмус+ како и позитивни примери на жени во бизнисот и поддршката од нашиот асоцијативен партнер Канал 5 Телевизија.


ELeVATE продолжува да гради европска платформа за инспирација, вештини, видливост и реални можности за девојки и жени во секторите поврзани со Smart Electricity for Buildings, зелените технологии, ВЕТ образованието и нето-нула економијата.
Голема благодарност до сите партнери за конструктивната работа, заедничката визија и посветеноста кон создавање повеќе можности за жените во технологиите на иднината.

4,963FansLike
3,960FollowersFollow
130SubscribersSubscribe

INSTAGRAM