Во организација на Министерството за дигитална трансформација, министерот Стефан Андоновски беше домаќин на вечерен коктел-прием на кој присуствуваа бројни високи гости од земјата и странство. На настанот присуствуваше и проректорот на Универзитетот Париз Пантеон-Асас – Сорбона.

Меѓу присутните беа амбасадорот на Европската Унија, амбасадорот на Велика Британија, како и амбасадори од неколку земји-членки на ЕУ. На приемот учествувале и претставници на регионалните организации CEFTA и RCC, министри и претставници од повеќе владини институции, како и претставници на бизнис-заедницата, стартап-компании и компании од регионот.

















