Инспиративна панел-дискусија за улогата на вештачката интелигенција во стартап екосистемот

Post date:

Author:

Category:

Во просториите на Startup Club Skopje, на 28 април, се одржа панел-дискусијата „AI for Startups“, која обедини стартап основачи, претприемачи, професори и љубители на иновациите. Настанот понуди квалитетна размена на идеи и искуства за примената на вештачката интелигенција во развојот на современите бизниси. Свои ставови и знаења споделија говорниците д-р Чекиќ, Ина Марковиќ и проф. Трајковски, кои ја нагласија важноста од соработката меѓу академската заедница и стартап секторот.
Присутните имаа можност да дискутираат за предизвиците, можностите и идните трендови што ги носи AI, а настанот уште еднаш ја потврди улогата на Startup Club Skopje како место за поврзување, учење и поттикнување на младите претприемачи.
4,963FansLike
3,960FollowersFollow
130SubscribersSubscribe

INSTAGRAM