ИНСПИРАТИВЕН ПРИМЕР ЗА ИНКЛУЗИЈА: Д-р Ана Петреска, лице со тешка телесна попреченост, раководи со Логопедско друштво и вработува млади стручњаци

Post date:

Author:

Category:

Во фокусот на дискусиите за системска инклузија на лицата со попреченост се издвојува еден редок и инспиративен пример во Македонија — Логопедското друштво „Интеракција плус“, водено од д-р Ана Петреска, лице со тешка телесна попреченост која успеала да стекне звање доктор на науки на Филолошкиот факултет.
Заедно со дефектологот Елена Трајческа, д-р Петреска преку својата посветена работа во „Интеракција плус“ покажува како високите академски достигнувања и личните предизвици можат да се претворат во општествена вредност.
Она што го прави овој случај исклучителен е тоа што д-р Петреска е еден од ретките, ако не и единствен регистриран пример во земјата, каде што лице со тешка попреченост се јавува во улога на работодавач кој вработува други млади луѓе без попреченост.
Повик за системска поддршка и државен приоритет
Оваа успешна приказна го отвора прашањето за потребата од поголема системска поддршка за ваквите иницијативи. Вистинската инклузија на граѓаните со попреченост мора да биде еден од клучните приоритети на Владата и Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Примерот на д-р Ана Петреска и Елена Трајческа потврдува дека лицата со попреченост, доколку им се овозможат услови и поддршка, не само што можат целосно да се интегрираат во општеството, туку можат да бидат и движечка сила во економијата, да создаваат нови работни места и да помагаат во развојот на младите кадри.

4,963FansLike
3,960FollowersFollow
130SubscribersSubscribe

INSTAGRAM