Големото отворање на ГЕМ: Најголемиот музеј во светот испрати порака за мир, а Македонија беше дел од приказната

Post date:

Author:

Category:

Големото отворање на Големиот египетски музеј (GEM – Grand Egyptian Museum) во Каиро беше одбележано со спектакуларна церемонија, која според многумина може да се спореди со отворање на Олимписки игри или Светско првенство. Централната порака на настанот беше „PEACE“ – The country with culture of PEACE, испраќајќи силна порака за мир преку културата и светското наследство.

И покрај глобалното значење на настанот, церемонијата не беше пренесувана во живо во Македонија, а медиумското покривање беше ограничено. Сепак, настанот доби внимание од повеќе влијателни светски медиуми, меѓу кои France 24, Euronews, Deutsche Welle (DW), Reuters, Agence France-Presse (AFP), The Guardian, Le Monde, RTL, TV5MONDE и Al Jazeera.

Особено разочарување предизвика фактот што на свеченото отворање не присуствуваше ниту еден висок државен претставник од Македонија, иако станува збор за културен настан од светски размери. На церемонијата присуствуваа официјални државни делегации од 80 земји, кралски семејства, принцови, претседатели, премиери, како и повеќе од 230 делегации на меѓународни организации, академски институции, научноистражувачки центри и компании, меѓу кои имало и македонски тим.

Во своето обраќање по повод отворањето, Rabi W. Sédrak ја истакна историската големина на Египет, потсетувајќи дека кога Шекспир творел во Англија, Америка сè уште не постоела, кога Овид пишувал во Рим, Англија сè уште не била создадена, а кога Хомер ја создал „Илијадата“, Египет веќе имал повеќе од 4.000 години цивилизациска историја. На церемонијата околу десет минути било посветено внимание на Македонија, Александрија, Александар Македонски и Каменот од Розета, особена радост е за секој Македонец, чуството што Македонци учествувале во создавањето на музејот и самата церемонија.

Проектот за Големиот египетски музеј беше најавен во 2002 година, по меѓународен архитектонски конкурс што го добија архитектите Шин-Фу Пенг и Роисин Хенеган од ирската архитектонска компанија Heneghan Peng Architects. Нивното решение е инспирирано од геометријата на платото Гиза и е поставено така што музејот е порамнет со пирамидите и соѕвездието Орион.

Изградбата започна во 2005 година, но беше одложувана речиси две децении поради Арапската пролет во 2011 година и пандемијата на Ковид-19. Првичната вредност на проектот беше проценета на 1,2 милијарди долари, додека со дополнителните трошоци и доцнења вкупната инвестиција надмина 2 милијарди долари. Финансирањето беше обезбедено преку египетски државни средства, јапонски развојни кредити и глобални партнерства со експерти за конзервација, инженери и куратори од повеќе од 30 земји.

GEM е замислен како најголем археолошки музеј во светот и располага со повеќе од 100.000 артефакти, вклучувајќи ја и комплетната колекција на богатствата на Тутанкамон.

Комплексот се простира на околу 490.000 квадратни метри и комбинира варовник и проѕирен алабастер за максимално користење на природната светлина во изложбените простори. Посетителите ги пречекува огромен атриум со колосална 3.200 години стара статуа на Рамзес II.

Покрај археолошките експонати, музејот користи современи технологии како дигитално мапирање, интерактивни образовни платформи и современи изложбени решенија. Освен музеј, ГЕМ е замислен и како меѓународен центар за образование, реставрација, светско културно наследство и културна дипломатија.

Отворањето на музејот повторно го актуализираше историското поврзување на Македонија и Египет. По реформите на Филип II Македонски и освојувањата на Александар Македонски, Египет бил ослободен од персиската власт, бил основан градот Александрија, а подоцна била создадена и прочуената Александриска библиотека – најголемиот центар на знаење во античкиот свет.

По смртта на Александар, неговиот генерал Птоломеј I Сотер, со македонско потекло, ја основал Птоломејската династија, која владеела со Египет речиси три века. Според историските извори, оваа династија го зачувала египетскиот идентитет, истовремено внесувајќи македонски административни, научни и културни влијанија. Нејзиниот последен владетел била Клеопатра VII, потомок на оваа династија.

Во тој контекст се посочува и историската поврзаност на античките македонски центри како Хераклеја Линкестис и Пела со ерата на Филип II и Александар Македонски. Големиот египетски музеј, според ова гледиште, претставува современ симбол на културниот мост што некогаш ги поврзувал Македонија и Египет преку идеалите за знаење, напредок и уметничка извонредност.

Важно е да се спомне и значењето на Александрија, Александриската библиотека и храмовите во Луксор како дел од заедничкото историско наследство, при што се посочува дека многу од идеите за образование, култура и знаење се поврзуваат со интелектуалната традиција што се развивала уште во времето на Александар Македонски и неговиот учител Аристотел.

Негувањето на културното наследство, археолошките локалитети, природната средина и историските споменици да бидат почитувани и зачувани како богатство од светско значење, со порака никогаш да не се повтори уништувањето на Александриската библиотека.

Граѓаните да одвојат време за посета на археолошките локалитети Хераклеја, Пела и другите значајни места во Македонија и Египет, како и Големиот египетски музеј, каде што можат непосредно да се запознаат со артефактите поврзани со Филип II, Александар Македонски, Клеопатра и богатото културно наследство што се чува за идните генерации.

4,963FansLike
3,960FollowersFollow
130SubscribersSubscribe

INSTAGRAM