Galway е основан во далечната 1845 година, кога овде започнале да студираат само 68 студенти. Денеска е еден од најпрестижните универзитети во светот, со седиште во најшармантниот истоимен ирски град.

Денеска во Galway има 17,318 студенти кои и по дипломирањето добиваат шестмесечна пракса во вид на истражувања. Универзитетот е поделен на пет колеџи и тоа- Уметност и социјални науки, бизнис и право, инжинерство и математика, медицина, здравје и наука.

Овде студирале поранешни претседатели на Ирска, генерали, кардинали па дури и славниот американски актер Мартин Шин.

Од универзитетот велат дека ги инспирираат своите студенти да бидат иновативни. Дел од нив, по завршувањето, решиле своите креативни идеи да ги претворат во реалност и самостојно аплицирале за грант од Хоризон 2020, инструментот за мали и средни претпријатија.

Покрај грантовите за идеите на студентите, Galway националниот универзитет од програмата Хоризон 2020, доби неповратни финансиски средства во вредност од 36.778.751 евра, за изготвени 76 проекти.

Доколку и вие сте заинтересирани за оваа европска програма, како и останатите програми покрај Хоризон 2020, или пак имате идеја за проект, а не знаете како да ја реализирате- повеќе информации прочитајте ОВДЕ