FunBrush е уред кој ги учи децата да ги мијат забите и оваа активност ја прави забавна и авантуристичка.

Фирмата која стои зад овој уред, се решила својот производ да го презентира пред Европската Комисија и да аплицира за грант од програмата Хоризон 2020, поточно инструментот за мали и средни претпријатија. Неповратните средства биле одобрени во 2016 година, поради исклучителното влијание на уредот врз детското здравје.

Искуствата на родителите потврдени од истражувачки специјалисти покажале дека многу деца активноста- миење заби ја сметаат за здодевна, но што е уште поважно- тие не ги разбираат последиците од нечеткањето или четкањето со погрешна техника. Во светот 60-90 % од децата страдаат од забен кариерас, па затоа е важно да се фокусираме на едукација за зачестеноста и времетраењето на четкањето. Тоа е клучен аспект за решавање на денталните проблеми кај децата.

Funbrush е одлично решение за родителите кои се соочени со предизвикот да ги натераат своите деца на редовно миење на забите, преку користење на современите технологии. Пакетот е составен од елеткрична четка и забавна апликација за мобилен и таблет. Четкичката се поврзува со апликацијата на која има голем број животни кои имаат проблеми со забите. Додека детето ги четка своите заби, на екранот од телефонот може да гледа како животните од апликацијата ги прават истите потези.

Вкупниот број на неповратни финансиски средства од СМЕ инструментот на Хоризон 2020 , доделени на „Funbrush” изнесува 71 429 евра. Од првото производство на уредот до денеска, популарноста на Funbrush  се повеќе се зголемува.

Доколку и вие сте заинтересирани за програмата Хоризон 2020 како и за  инструментот за средни и мали претпријатија, сите информации може да ги добиете  тука!