На 10ти јули, во Деканатот на #ФИНКИ при #УКИМ, се одржа заеднички координативен состанок помеѓу партнерите на #CAAIVE Project и #VEZILKA Project, на кој присуствуваа претставници од сите македонски партнерски организации.
Важен чекор кон национален екосистем за вештачка интелигенција во земјоделството! 🌱🤖
Состанокот беше посветен на идентификување на конкретни можности за соработка помеѓу двата проекта, кои имаат заедничка цел е забрзување на дигиталната трансформација и примената на вештачката интелигенција во Северна Македонија.
🌾 CAAIVE (4,55Mill EUR) е европски #Erasmus #CoVE проект за воспоставување Центри за извонредност во стручното образование и обука за вештачка интелигенција во земјоделството, чија цел е развој на дигитални вештини за земјоделците, учениците, студентите, стартапите и наставниот кадар, поддршка на прецизното земјоделство #PrecisionFarming и #Agriculture4.0, како и создавање регионални екосистеми за иновации и соработка помеѓу образованието, науката, индустријата и јавните институции.
💻 VEZILKA (6,2Mill EUR) претставува првата национална AI фабрика на С.Македонија, воспоставена во рамките на #EuroHPC #Joint Undertaking и ко-финансирана од Европската Унија преку #Horizon Europe.
Преку партнерството со #PharosAIFactory во Грција, проектот ја позиционира нашата држава како дел од европската AI инфраструктура, со фокус на развој на доверлива вештачка интелигенција, македонски јазични модели, отворени податоци и современи AI услуги за јавниот и приватниот сектор.
🤝 Во рамките на денешната средба беше договорено да се работи на:
✅ заеднички пилот-активности за примена на AI во земјоделството;
✅ користење на националната AI инфраструктура за образовни и иновативни цели;
✅ развој на дигитални и AI компетенции преку современи програми за обука и микро-квалификации;
✅ поддршка на #стартапи, #млади иноватори, #компании и #земјоделци;
✅ подготовка на нови заеднички европски иницијативи и проекти.
📍 Во исто време, во Струмица, во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, партнер во CAAIVE Project, се одржа фокус група за валидација на факторите за дигитални вештини за прецизно земјоделство.

💡 Преку конструктивна дискусија, претставници од институции, образовни организации, компании и земјоделски производители ги споделија своите искуства, потреби и предизвици поврзани со дигитализацијата, новите технологии и примената на вештачката интелигенција во земјоделството.
Овие две паралелни активности испраќаат јасна порака дека Северна Македонија гради силен национален екосистем кој ги поврзува образованието, науката, истражувањето, високоперформансното пресметување, иновациите и реалниот сектор, со цел вештачката интелигенција да стане двигател на конкурентно, паметно и одржливо земјоделство.
Euro Macedonian KIC Emkice, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) FINKI, Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје, Centar za razvoj na Jugoistocen region, ACRID Network@NovaKreativa, Petre Lameski, Dimitar Trajanov, Gjoko R. Bunewsky, Ivana Janeska Stamenkovska, Jovan Kocev
Благодарност до сите партнери за нивната посветеност, визија и подготвеност за соработка. Убедени сме дека синергијата помеѓу #CAAIVE и #VEZILKA ќе создаде нови можности за земјоделците, младите, образовните институции, стартап компаниите и целото македонско општество.
















