EU Projects for STEM – Посета на Научниот Парк на Општина Üsküdar (Истанбул) 🇹🇷🤝🇲🇰 Science Park Uskudar

Post date:

Author:

Category:

🔬 Наука, иновации и СТЕМ образование за децата

Денеска остваривме значајна посета на Научниот Парк на Општина Üsküdar, Истанбул како одличен пример за современ пристап во промоција на науката, технологијата и иновациите кај најмладата популација. 🚀

Во рамки на посетата, со директорот на научниот центар Г-дин Чагатај, започнавме постапка за склучување Меморандум за соработка помеѓу Emkice – ACRID Network , Општина Üsküdar и Општина Валандово,
со јасна заедничка цел:
✅ развивање на СТЕМ култура кај децата (Science, Technology, Engineering & Mathematics),
✅ организирање на едукативни работилници, практични експерименти и научни активности,
✅ создавање на програми за учење преку игра, истражување и креативност,
✅ размена на добри практики и модели меѓу општините.

Посебна благодарност и признание до членките на ACRID Network кои работат во областа на СТЕМ образованието и веќе развиваат активности STEM Academy, и Едукативен центар Johnson Academy со што се зајакнува нашата локална основа за:
🌟 поддршка на талентирани деца,
🌟 развој на дигитални и технички вештини,
🌟 подготовка на младите генерации за професиите на иднината.

Овој тип на меѓународна соработка е важен чекор за создавање реални можности за научна едукација, иновативно учење и инспирација за нови генерации, затоа што инвестицијата во децата е најсилната инвестиција во иднината. 🌍✨

Општина Валандово продолжува активно да гради европски и меѓународни партнерства, со цел реализација на нови проекти и иницијативи во интерес на граѓаните — особено на нашите најмлади.

4,963FansLike
3,960FollowersFollow
130SubscribersSubscribe

INSTAGRAM