2026та ја започнуваме со жените,✅ ELeVATE – Women in Net-Zero Technologies – девојките и жените, нивните кариери поврзани со „net-zero“ технологии, зелена и дигитална транзиција”. (https://elevate-project.net/)
Денес остваривме продуктивен работен состанок со заменик министерката за европски прашања, проф.д-р Viktorija Trajkov, на кој разговаравме за важни теми: Role Model for ELeVATE project, ЕУ проекти со поддршка на приватниот, академскиот и јавниот сектор – ACRID Network.

Дополнително, разговаравме и за практични чекори за зајакнување на капацитетите на апликантите за ЕУ финансирање и ЕУ проекти:
➡️ Соработка меѓу институции од 10те земји на мрежата (министерства, Еразмус агенции, јавни институции) интернационалното вмрежување
➡️ Подобрување на искористеноста на ЕУ фондовите и брза регистрација на добиени ЕУ проекти при МЕП и УЈП
➡️ Практична и институционална обука на EU Funding Managers (јавен/приватен/академски сектор) преку месечен и двомесечен престој со програма во Брисел, која ја почнуваме од 2026г во рамки на канцелариите на ACRID Network.

Регистрација за сите заинтересирани девојки и жени за Project Elevate како и за настаните кои следуваат, за учество во новите ЕУ проекти и специјализираната едукација во Брисел, во втор посебен пост од задутре 7ми Јануари Божиќ 2026.
Project Elevate со буџет од 1,24 Мил.евра е насочен кон зголемување на учеството на девојките и жените во техничкото образование, обуки за кариери поврзани со зелена и дигитална транзиција, со фокус на практични „net-zero“ технологии, паметна специјализација, женско менторство и успешни кериери-примери, соработка со партнери од земјите членки на ЕУ како и мобилност за најдобрите во области: енергетска ефикасност, паметни технолошки решенија, одржливи енергетски системи и иновации.
Во Македонија, проектот во 2026та и 2027ма ќе се реализира преку партнерство на Емкице КИЦ ACRID Network и Centar za razvoj na Jugoistocen region и со Канал 5 Телевизија како медиумски проектен партнер – со цел европските можности да се приближат до младите девојки и жени и да се создадат реални патеки кон нови кариери.

Во рамки на кампањата за 2026 година, разговаравме за улогата на проф. д-р Трајков како “Role Model” и за првото интервју/видео-порака, како дел од медиумската серија што ја подготвува партнерот Канал 5 Телевизија, како и за настанот планиран на 9 февруари за кој дополнително ќе известиме.
🌍 ACRID Network – европска платформа
На состанокот беше претставена и годишната програма на ACRID Network – меѓународна мрежа која работи во 10 земји (EU Associated и EU Candidate countries), со 23 работни групи, за развој на европски проекти, иновации и програми за вештини (Erasmus+, Horizon Europe, LIFE и др.).
Годинава се планирани тренинг обуки и неколку настани, а во вториот квартал од годината и настан во Брисел, каде што проф. д-р Трајков ќе биде клучен говорник, имајќи предвид дека основната идеја за ACRID и нејзиниот зачеток и основање потекнува од летот Брисел-Скопје.
Благодарност за отвореноста, конструктивниот пристап и поддршката за младите и европските можности до Проф. д-р Викторија Трајков која е првиот “Role Model” на Project Elevate.
Следуваат новости за “Mentors” девојки и “Role Models” жени…
















