École polytechnique fédérale de Lausanne“ или во превод- „Швајцарскиот федерален институт за технологија од Лозана“ е истражувачки институт/универзитет со седиште во градот Лозана.

Специјалност на институтот се природните науки и инжинерство, а трите главни мисии на ова институција се едукација, истражување и технолошки трансфер до највисоко интернационално ниво. Рангиран е како 11-та најдобра образовна институција во светот во полето на технологијата и инжинерството.

Швајцарскиот федерален институт за технологија е основан во 1853 година. Тука учат 10 536 студенти, од кои најголем број се интернационални студенти. Јазикот на којшто се учи е француски, додека пак во Цирх се наоѓа сестринскиот институт, каде што се учи на германски.

Во склоп на институтот кој се протега на огромна површина се наоѓа студенски кампус, како и кафетерии, ресторани, музеи, библиотека,лабаратории, банки и студенско радио. Традиционално секоја година, се организираат и музички фестивали на отворено каде што настапуваат познати бендови и има над 15 000 посетители.

За своите проекти и истражувања, како и поради соработката со големи светски брендови и компании, инстутот е добитник на грантови од Хоризон 2020 програмата.

Од 2014 година, па се до 2016 година, од Хоризон добива неверојатни 96.747.885 евра за изработени 136 проекти.

Доколку сакате повеќе да дознаете за програмата Хоризон, како и за останатите фондови на Европската Комисија, сите информации може да ги прочитате ОВДЕ.