Се за Еразмус+ програмата: Кои се целите, клучните активности и како може да аплицирате за грант

Еразмус + е програма за образование, обуки, млади и спорт. Целта на оваа европска програма е да допринесе за намалување  на раното напуштање на училиштето, како и на зголемување на бројката на високообразовани.

Програмата овозможува образование на поединци во Европската Унија и надвор од неа, соработка помеѓу образовни институции, организации на млади, претпријатија, локални и регионални власти, како и невладини здруженија и поддршка на реформата на политиката во земјите членки и земјите кои не се дел од ЕУ. Буџетот на Еразмус+ е 14, 7 милијарди евра.

Кои се целите на Еразмус+?

  • Да им се пружи прилика на младите луѓе да ги подобрат своите вештини и знаење со студирање и обучување во странство
  • Да се подобри квалитетот на подучувањето во земјите членки на ЕУ, но и оние кои не се.
  • Да се поддржат земјите членки, како и партнерските земји во модернизација на образовниот состав.
  • Да се поттикне учеството на младите во општеството
  • Да се поддржи подучувањето и истражувањето на тема европска интерграција
  • Да се поддржи аматерскиот спорт во Европа

Клучни активности:

  1. Активности во областа на образованието, оспособувањето на младите ( Мобилност, соработка за иновации и добра пракса, Поддршка за реформа на политиката)
  2. Иницијативата Jean Monnet ( Поттикнување на подучување и истражување на европската интерграција помеѓу истражувачи, ученици и граѓани, како и поддржување на активностите на академски институции и здруженија кои се активни во областа на европските интерграции).
  3. Спорт- зајакнување на доброто управување и зајакнување на знаењето за спортот во ЕУ, поттикнување физикчка активност кај младите, искористување на спортот за социјална инклузија, борба против меѓународните опасности за местење на натпревари, насилство, расизам и нетолеранција, како и зајакнување на базата за создавање политика во областа на спортот и изградба на капацитети во спортот.
  4. Транснационални проекти
  5. Некомерцијални спортски настани
  6. Дијалог со релевантни европски институции

Кој може да се пријави?

Еразмус + е отворен за сите земји членки, но и за нашата држава која е дел од оваа програма. Потенцијални кандидати за неповратен финансиски грант се сите организации од областа на образованието, обучувањето и спортот.

Академијата и акцелератор за ЕУ Фондови подготвува обуки каде што може да научите се за европските програми, како и сами да изготвите проект со кој ќе аплицирате за неповратен Еразмус+ грант. Повеќе информации може да најдете ОВДЕ