Општина Ѓорче Петров координатор на проект финансиран од ЕРАЗМУС+ грант од 93,700 евра

Општина Ѓорче Петров од Скопје во соработка со партнерите од Македонија и Бугарија, до 2018 година ќе го спроведува проектот Имплементација на методи за учење преку  наставна едукација за искористување на сончевата енергија во основните училишта“.

Во описот на проектот се вели- Одржливата употреба на обновливите извори на енергија нуди еколошки, социјални и економски придобивки. Човештвото мора да биде свесно за своето постоење, потенцијали, бербата, технологиите на користење и придобивките од самиот почеток (детството), со цел да се овозможи чиста и просперитетна иднина. Денес во регионот е вообичаено да се вклучат некои информации за ОИЕ во формалното образование. Сепак, децата/учениците добиваат само теоретско и оскудно знаење кое остава отворени врати кон конвенционалните извори на енергија.
Следејќи ги новите трендови во детското образование и добрите практики , како и ИТ технологиите, се чини дека најдобриот пристап е кога децата ќе можат да научат се за соларната енергија во пракса, односно УЧЕЊЕ СО ДЕЛА (метод Learning by doing).
Соларната енергија е достапна насекаде и технологиите за нејзина примена се релативно едноставни. Сепак, во регионот на проектните партнери, нивото на примена е минимално. Од витално значење е децата да развијат солидно разбирање за моќта на сонцето и нејзините различни можни примени.

Проектот нуди одличен почеток за младите да научат повеќе за соларната енергија и да пораснат повеќе информирани за виталната улога на соларните технологии во менувањето на енергетската иднина во светот. <

Сите партнери во проектот имаат богато претходно искуство во проекти поврзани со животната средина и се посветени на ублажување на климатските промени, главно преку промовирање и примена на принципите на ЕЕ и употребата на ОИЕ. Проектните партнери вклучуваат: две основни училишта-Мирче Ацев (МК) и Свети Паисиј Хилендарски (Бугарија), две општини -Ѓорче Петров (МК) и Разлог (БГ) и две невладини организации -Солар Македонија и Еко Разлог (БГ).

Од европската програма ЕРАЗМУС+ за овој проект се издвоени 93 700 евра. Проектот стартуваше на 01-10-2016, а ќе трае до 30-09-2018.
Доколку сакате да дознаете повеќе за програмата ЕРАЗМУС+, за сите можности кои ги нуди, како и начинот на аплицирање за неповратен финансиски грант за вашиот проект, сите информации прочитајте ги ОВДЕ

 

Проект на „Волонтерски Центар Скопје“ со грант од ЕРАЗМУС+ во износ од 96,185 евра

„Волонтерски Центар Скопје“ e невладина младинска организација создадена во 2005 година од страна на поранешни ЕВС волонтери. Главната цел на организацијата е да им понуди неформални образовни можности на младите луѓе.

Почнувајќи од септември 2015 година, заедно со партнерите од Киргистан и Романија,  го спроведоа проектот „Challenging Youth trough Youth Work” составен од низа активности за младински работници, што резултираше со надградба на квалитетот на младинската работа во Киргистан, заедно со развојот на подобри системи за поддршка во земјата. Младинската работа во заедницата е процес на зајакнување и поддршка на младите, нудејќи им можности од различни видови кои ќе им помогнат да станат активни членови на нивната заедница. Преку процесите на неформално образование, младинската работа им овозможува на младите луѓе да го зголемат своето разбирање и знаење за себе и за светот во кој живеат.

Имплементацијата на проектот се состоеше од шест различни модули и активности кои се структурирани за градење на капацитетите на младинските работници во Киргистан. Првите три активности беа тренинг/обуки, а четвртата и петтата активност дизајнирани како семинари, на кои учесниците на претходните три активности  имаа можност да патуваат од матичната земја во Македонија и Романија и да разговараат со локалните младински организации, со цел да разменат искуства со локалните младински работници. Целиот циклус од шест активности поврзуваше повеќе од 50 младински работници/лидери од инволвираните земји, а активностите се спроведуваа со помош на двајца стручни соработници во областа на младите од Македонија и еден експерт/тренер од Романија.

За проектот, добија неповратен финансиски грант од ЕРАЗМУС+ во износ од 96,185 EUR, а проектот заврши на 5 февруари 2017 година.

Доколку сакате да дознаете повеќе за европската програма ЕРАЗМУС+, како и за можностите кои ги нуди на сите кои сакаат да аплицираат со свој проект, сите информации може да ги прочитате ОВДЕ