ЦЕФЕ произлегува од англискиот акроним CEFE (Competency based Economies, Formation of Enterprises, или во превод економии засновани на компетенции, формирање на претпријатија).
Од 1997 година ЦЕФЕ обучувачите работат на подигање на свеста за претприемништвото во Македонија и Југоисточна Европа. Во 2008 година тој тим на обучувачи го основаа здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во Скопје, како непрофитна и непартиска организација.
Оваа организација во 2015 година го стартуваше проектот „Global Exchange and training for youth employment”, кој се реализираше се до 1 јуни 2017 година.
Во описот на проектот стои:
Главната мотивација за овој проект е да ја поттикне соработката, размената и надградбата на добрите практики меѓу партнерските и програмските земји во Конзорциумот со една крајна цел – придонес кон намалување на невработеноста и поддршка на претприемништвото. Проблемот со невработеноста кај младите станува многу тешко прашање и треба да се реши преку специфични прилагодени активности кои на крајот ќе доведат до создавање на нови работни места. Статистиката покажува дека стапката на невработеност во Европа достигнува до скоро 12%. Овој проблем е алармантен во земјите партнери кои учествуваат во овој проект.
Тие се соочуваат со истите потреби и предизвици во врска со оваа тема и овие организации се решени да ги зголемат своите капацитети преку зајакнување на стратешката соработка со земјите од ЕУ. Секоја од организациите учеснички во проектот работи на полето на генерирање на вработување преку различни активности и добро ја познава ситуацијата во нивните земји во однос на невработеноста.
Сите овие организации се филијали на CEFE International Germany, широка мрежа која работи според методологијата CEFE (Економии базирани на компетенции, формирање на претпријатија) за спроведување на бизнис обуки и консултации со сеопфатен сет на инструменти за обука со користење на акциски ориентиран пристап, како и методи за развој и унапредување на управувањето со бизнисот , главно во контекст на генерирање приходи и вработувања и одржлив економски развој.
Проектот е финансиран од европската програма ЕРАЗМУС+. Вкупниот износ на неповратниот грант добиен за овој проект изнесува 138,744 EUR.
Доколку сакате да дознаете повеќе за ЕРАЗМУС+, како и можностите за аплицирање со ваш проект кој би бил потенцијален добитник на грант, сите информации може да ги најдете ОВДЕ