Оваа година се одбележува 30-годишнината од започнувањето на програмата за образование и млади, Еразмус+, која има за цел да се подобри квалитетот на европските универзитети, зголемување на вештините на младите за полесно вработување, како и обезбедување културна интеракција. Оваа програма ја користат државите-членки на ЕУ, потоа Исланд, Норвешка и Лихтенштајн, како и државите-кандидатки Турција и Македонија.
Оваа програма за образование, стажирање, стручна обука, стратешки пртнерства помеѓу организации едукативни установи и компаниии, активности за млади и волонтирање, досега за 30 години ја искористиле 9,000,000 (девет милиони) лица, или околу 300,000 лица годишно.
Според податоците на Националната агенција до кои дојдовме, програмата Еразмус во 1987 година, само во високото образование ја искористиле 3.000 студенти, а на милиони лица од светот им беше овозможено да се едуцираат, да стажираат, или пак да волонтираат во различни држави.
Програмата, која има за цел да ги зголеми шансите за вработување на луѓето, да развива нови перспективи за одржлив развој, изучување на странски јазици, практична работа, стручна наобразба, сертификација и едукација, размена на знаења и искуства, мобилност и дружење со колеги од ЕУ. Потоа, овозможува нова мотивација во однос на волонтерството и праксата додека студирате, учите или работите, како и подобро запознавање со европското граѓанство, со текот на времето се прошири со училишта и образование за возрасни, стручни обуки од приватниот сектор и активности за млади и спорт.
Аплицирај за Еразмус+ обуки– https://www.facebook.com/events/1635047210134410/
Оваа програма, која беше спроведувана во периоди по 7 години, под имињата „Сократ“, „Леонардо да Винчи“, „Доживотно учење“, „Млади“ и слично, сега за периодот 2014 – 2020 година, по одлука на Европската комисија беше ре-организирана под името „Еразмус+“. Преку Еразмус+ се обезбедуваат грантови за високо образование, училишно образование, образование за возрасни (формално и неформално), како и за поддршка на активностите за стручно образование и млади.
Поради ова, 2017 година ќе биде важна, бидејќи програмата не само што го опфаќа високото образование, туку ги опфаќа сите институции и сите индивидуи во областа на образованието и младите. Програмата Еразмус+ се спроведува преку националните агенции од државите од кои има учесници, а се користи и ползува од секое регистрирано правно лице во централен регистар од таа држава.
– За 30 години, програмата опфати 9 милиони луѓе –
На ниво на Европа, во 2015 година, за оваа програма беше издвоен буџет во висина од 2,1 милијарда евра, а со тој фонд беа финансирани образовни програми, стажирање и волонтерски активности за 678.000 лица. Исто така, беа поддржани 19.600 проекти на 690.000 организации.
Програмата Еразмус+ за размена на студенти, која започна во 1987 – 1988, за тој период ја искористија само 3.000 лица, додека пак во текот на 30-годишното спроведување на проектот, вкупниот број на лица во Европа кои ја искористиле оваа програма достигна бројка од 4.400.000. Првите студенти што ја искористија оваа програма се од Белгија, Данска, Германија, Грција, Франција, Ирска, Италија, Холандија, Португалија, Шпанија и од Велика Британија.
Програмата во 2015 година беше отворена за целиот свет, со што илјадници студенти се здобија со шанса за образование и за стажирање во странство.
Во истиот период, на студирање заминаа учесници од различни држави во светот, и тоа, 42.537 во Шпанија, 32.871 во Германија, 30.183 во Британија, 29.558 во Франција и 21.564 во Италија. Исто така, во истиот период, 39.985 студенти од Франција, 39.719 од Германија, 36.842 од Шпанија, 31.510 од Италија и 16.735 од Полска преку оваа програма заминаа на студирање во други држави.
Во периодот 2014 – 2015 година, од студентите кои ја искористиле оваа програма во високото образование, 61 процент се жени, а 39 проценти мажи, додека пак средната возраст на студентите е 24,5 години. Просечното времетрање на престојот за едукација и стажирање изнесуваше 5,3 месеци.
Се очекува за периодот 2017 – 2018, оваа програма да ја искористат 347.100 студенти и академци.
Во 30-годишното минато на програмата, покрај високото образование, 1 милион 400 илјади учесници ја искористија програмата за „размена на млади“, а 1 милион 300 илјади за стручни обуки. Во истиот период, 1 милион 800 илјади лица добија грант за програмата младински активности во образованието, 100.000 млади за волонтерство и 100.000 студенти за магистерски студии. Вкупната бројка на лицата кои досега ја искористиле програмата преку студирање во различни држави, предавање, стажирање, волонтерство и други професионални активности, изнесува 9 милиони.
Вкупниот буџет, пак, предвиден за периодот 2013/2020, изнесува 14,7 милијарди евра.
Повеќе информации за програмата- https://www.facebook.com/eufunding.accelerator/
– 2017 година пресвртница за Еразмус+ –
Во рамките на 30-годишнината на Еразмус+, низ цела Европа, во текот на целата 2017 година ќе се организираат конференции, форуми, дијалози, дискусии, изложби и други настани.
Преку овие настани, ќе се истакне дека програмата не поддржува само високо образование, туку и училишна едукација, образование за возрасни и стручни обуки, како и програми за млади и спорт.
Исто така, целта е преку овие настани да се истакнат влијанијата, придобивките и успехот на корисниците на Еразмус+ и на институциите. Од овој аспект, 2017 година важи за пресвртница за Еразмус+.