Во рамки на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Сојузот на стопански комори, денеска се одржа втората панел-дискусија посветена на унапредувањето на соработката меѓу бизнис-секторот и академската заедница.

На настанот беше истакнато значењето на поврзувањето на компаниите со образовните и научните институции, со цел создавање кадар и решенија кои ќе одговорат на потребите на современата економија и технолошкиот развој.
За организацијата на настанот благодарност беше упатена до претседателот на ССКМ, Трајан Ангелоски, како и до потпретседателите Орце Симов, Горан Ѓорѓиевски и Драган Пехчевски.
Во рамки на дискусијата беше изразена и благодарност до заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, за поддршката на проектот SEBCoVE, кој е насочен кон развој на современи образовни и технолошки капацитети.

Националниот координатор на проектот SEBCoVE најави дека ќе се залага за воспоставување одржлив центар за едукација за паметни технологии во рамки на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Проектот има за цел да придонесе кон јакнење на дигиталните и технолошките компетенции, како и кон создавање подобра поврзаност меѓу академскиот сектор, бизнис-заедницата и јавните инстит















