„Волонтерски Центар Скопје“ e невладина младинска организација создадена во 2005 година од страна на поранешни ЕВС волонтери. Главната цел на организацијата е да им понуди неформални образовни можности на младите луѓе.

Почнувајќи од септември 2015 година, заедно со партнерите од Киргистан и Романија,  го спроведоа проектот „Challenging Youth trough Youth Work” составен од низа активности за младински работници, што резултираше со надградба на квалитетот на младинската работа во Киргистан, заедно со развојот на подобри системи за поддршка во земјата. Младинската работа во заедницата е процес на зајакнување и поддршка на младите, нудејќи им можности од различни видови кои ќе им помогнат да станат активни членови на нивната заедница. Преку процесите на неформално образование, младинската работа им овозможува на младите луѓе да го зголемат своето разбирање и знаење за себе и за светот во кој живеат.

Имплементацијата на проектот се состоеше од шест различни модули и активности кои се структурирани за градење на капацитетите на младинските работници во Киргистан. Првите три активности беа тренинг/обуки, а четвртата и петтата активност дизајнирани како семинари, на кои учесниците на претходните три активности  имаа можност да патуваат од матичната земја во Македонија и Романија и да разговараат со локалните младински организации, со цел да разменат искуства со локалните младински работници. Целиот циклус од шест активности поврзуваше повеќе од 50 младински работници/лидери од инволвираните земји, а активностите се спроведуваа со помош на двајца стручни соработници во областа на младите од Македонија и еден експерт/тренер од Романија.

За проектот, добија неповратен финансиски грант од ЕРАЗМУС+ во износ од 96,185 EUR, а проектот заврши на 5 февруари 2017 година.

Доколку сакате да дознаете повеќе за европската програма ЕРАЗМУС+, како и за можностите кои ги нуди на сите кои сакаат да аплицираат со свој проект, сите информации може да ги прочитате ОВДЕ