Проектот „ MYouth– Mobile, Young, Opportunity, Unity, Technology, Help” на невладината организација „Млади Инфо“ од Скопје, се реализираше во период од 01-11-2015  до 01-05-2017.

Проектот за градење на капацитети, МYouth има намера да обезбеди и развива иновативни активности кои ќе им овозможат на младите луѓе да стекнат високи вештини за развој на мобилни апликации кои ги решаваат локалните проблеми во нивната заедница и обезбедуваат можности за вработување. Знаењето како да се кодира јасно доаѓа како вредна работна вештина, бидејќи извештаите и индикаторите во светот покажуваат дека бројот на работни места за програмери и компјутерски научници рапидно расте;. Овие вештини ќе бидат многу посакувани и понатаму во иднина.

Европската комисија изјавува дека во светот кој се менува, ЕУ се стреми да стане паметна, одржлива и инклузивна економија. Овие три заемно зајакнувачки приоритети треба да им помогнат на ЕУ и на нејзините земји-членки преку стимулирање на високи нивоа на вработеност, продуктивност, едукација и социјална кохезија. Токму затоа образованието е многу важно. Знаењето и вештините и се потребни на европската економија за да остане конкурентна и иновативна. Мобилното учење преку употреба на мобилни технологии може да помогне да се направи образаование подостапно за сите ученици, преку обезбедување на ниски трошоци, и решенија кои лесно се имплементираат.

Проектот MYouth вклучува различни партнери од 3 континенти (Европа, Азија и Африка) кои имаат знаење и искуство во новите технологии и ќе генерираат значителни резултати на европско ниво, а исто така и надвор од европските граници, во однос на развојот на младите преку мобилно учење. Со заеднички напори на 10 организации со седиште во Австрија, младите од Република Македонија, Словенија, Италија, Шпанија, Полска, Сенегал, Сингапур, Хонг Конг и Того, кои ќе бидат дел од овој проект, ќе создадат силна неприкосновена и многу конкретна мрежа за развој на мобилни апликации.

Од европската програма Еразмус+, невладината организација „Млади Инфо“ со седиште во Скопје, доби неповратен грант во износ од 113 825 евра. Тие средства беа наменети за реализација на проектот „MYouth” во времетраење од 18 месеци.

Доколку сакате да дознаете повеќе за програмата Еразмус+, како и начинот на кој може да аплицирате со ваш проект, сите информации може да ги прочитате ОВДЕ