Атос Белгија е дел од големата компанија Атос СЕ, која е глобален лидер во дигиталните сервиси со 100 000 вработени во 72 земји и заработка од 12 милијарди евра.

Фирмата Атос во Белгија пак има 1000 вработени и заработка од 250 милиони евра. Со голема технолошка експертиза и палета на решенија, Атос ги поддржува компаниите во нивната дигитална трансформација и на тој начин им помага да го подобрат бизнисот. Нивна цел е да бидат најбараниот ИТ партнер во Белгија.

Атос има клиенти од повеќе сфери на работењето- Здравство, телекомуникации, медуми, финансиски сервиси, транспорт и производство.

Од програмата на Европската Комисија- Хоризон 2020, за дел од своите проекти има добиено 270 000 евра неповратни финансиски средства, а се јавува и како партнер на огромен број проекти на други компании низ Европа со кои соработува.

Доколку ве интересира како се доаѓа до грант од Хоризон 2020 и како да направите проект кој ќе биде успешен и прифатен, повеќе информации прочитајте на следниов линк- ОВДЕ