Филипс Универзитетот во Марбург, е еден од најстарите универзитети во Германија. Веќе пет векови, е центар за истражување и едукација.

Денеска, во Марбург студираат околу 25,700 студенти, од кои 12 проценти се од другите светски држави. На универзитетот се изучуваат речиси сите научни дисциплини, а покрај тоа се прават и специјални истражувачки активности.

Марбург е дом на еден од најдобрите медицински факултети во Германија. Во соработка со други колеџи и институции, преку центрите за истражување на Универзитетот, постигнати се значајни медицински достигнувања.

За истражувачките проекти спроведени на Филипс Универзитетот во Марбург, од програмата Хоризон 2020 издвоени се 4 милиони евра за 81 проект од 2014-2016 година.

Доколку сте заинтересирани за програмата Хоризон 2020 и сакате да дознаете повеќе околу тоа како да аплицирате за проект, повеќе информации прочитајте на следниот линк- ОВДЕ