Техничкиот универзитет од Минхен е истражувачки универзитет, основан во 1868 година.

На техничкиот универзитет од Минхен студираат 40 ооо студенти, а има вкупно 10 000 вработени. Во историјата стојат запишани податоци дека токму поради овој универзитет, Баварија од земјоделска земја, станала индустриска и Hi-Tech  центар. Многу добитници на Нобелова награда биле дел од овој истражувачки универзитет, од самите почетоци на неговото постоење. Најмногу од наградените, Нобеловата награда ја добиле од областа на хемијата.

Во склоп на универзитетот има 12 факултети на три локации, а и неколку институции, болница и лабаратории за истражување.

Од 2014 година, па се до 2016 година, Техничкиот универзитет е добитник на грантови од Хоризон 2020 во износ од 66.857.272 евра. Направени се вкупно 108 проекти, кои се финансирани со неповратни средства од европската програма Хоризон 2020.

Доколку сакате да дознаете повеќе за европските програми или пак сакате да аплицирате со проект за грант од Хоризон 2020, сите потребни информации може да ги најдете ОВДЕ