Техничкиот Универзитет кој се наоѓа близу Копенхаген постои уште од 1829 година и е рангиран помеѓу најдобрите европски инжинерски институции.

Самиот универзитет е поделен на неколку оддели и центри за истражување.  Тука се наоѓаат и најзначајните институти во Данска, како и лабаратории, библиотеки и колеџи. Многу звучни имиња се дел од Техничкиот Универзитет- добитници на Нобелова награда, астронаути, физичари, научници, па дури и фудбалери.

Бидејќи на универзитетот се вршат важни испитувања од различни области, во периодот од 2014-2016 година добитник е на грантови за 133 проекти од програмата за иновации на ЕУ- Хоризон 2020.  Вкупниот износ на неповратните финансиски средства наменети за проектите е 72.096.826 евра.

Доколку сакате да дознаете повеќе за програмата Хоризон 2020 и како да аплицирате со проект, прочитајте ОВДЕ