„University College London“  е еден од најстарите универзитети во светот, основан во 1826 година. Трет е по големина во Велика Британија и важи за еден од најпрестижните универзитети во светот. Организиран е во 12 факултети, како и над 100 институти и истражувачки центри.

Универзитетот раководи и со неколку институции како Египетскиот музеј за археологија, Музејот на зоологија и компаративна анатомија, а ја менаџира и Орвел наградата за писатели.  Дипломираните студенти на овој факултет се рангирани највисоко на скалата за вработување веднаш после колеџот. На „University College London” во 2016 година имало 38,300 студенти и 14,200 вработени.

Меѓу првите студенти на овој универзитет, бил Александар Бел кој е изумител на телефонот, а овде студирал и еден од ко-откривачите на човечката ДНК структура. Академиците од UCL се откривачи и на благородните гасови, хормоните, вакумската туба и многу други откритија, а овде студирале и 29 добитници на Нобелова награда. Универзитетот од Лондон располага со 1,9 милијарди евра буџет за својата работа.

Секоја година, „University College London“ добива милионски грантови за да продолжи да работи на истражување и нови откритија кои се значајни за човештвото.  Од 2013-2016 година само од Европската комисија, универзитетот добил 160.720.788 евра во грантови од програмата Хоризон 2020. Финанските неповратни средства се добиени за 2

За повеќе информации околу грантовите на програмата Хоризон 2020 и како да дојдете до нив, на следниот линк- https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdKnK-e2X_5TpwnE8I1Onu4fxO1H1o-CSU5mExdcZ_pdpnV1w/viewform?c=0&w=1