Компанијата „Airbus Defence and Space SAS” произведува и продава сателити, воена опрема, вселенски системи, воени авиони и нуди интелигентни решенија за безбедност и одбрана.

Оваа компанија соработува со Владата на Франција, но работи и интернационално со влади и инстутиции од други држави. Фирмата е основана во 1999 година во Франција под името „Астриум“, а во 2014 година го менува во „Airbus Defence and Space SAS”.

„Airbus Defence nad Space SAS”  е втора светска компанија по големина, веднаш по Боинг и една од топ 10 најдобри одбрамбени компании во светот.  Во 2007 година, го изработи и првиот вселенски авион во светот, кој треба да пренесува туристи на вселенски патувања за првпат во историјата.

Од програмата Хоризон 2020, наградена е со 6.846.146 евра, во период од 2014 до 2016 години. Овие неповратни финансиски средства се однесуваат на 14 проекти. Како партнер учествува и во други проекти, со интернационални соработници.

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за Хоризон 2020 програмата, како и можноста за неповратно финансирање на проекти, повеќе информации прочитајте ОВДЕ