Проектот „Програма за рурално претприемништво“ е имплементиран од ДООЕЛ Пробио од Скопје, како и уште четири партнерски организации/институции од Македонија, Ирска и Грција.

Во описот на проектот стои следново- Република Македонија е земја со стапка на невработеност која изнесува околу 25-30%. Ова е особено распространето кај младите, руралното население и помалку образованите луѓе, па оттука еден од главните предизвици за РМ е да се создаде вработување. Овие предизвици можат да се решат само со создавање нови работни места, а зголемените претприемачки активности на луѓето ќе имаат значително влијание.

Предложениот проект има за цел да го зајакне руралниот економски развој преку стимулирање на претприемачкиот однос на руралното население и обезбедување на соодветна програма за учење. Претприемничкото учење е исклучително важно бидејќи на глобално ниво постои фундаментален пресврт кон студентите кои се поддржани да станат креатори на работни места, а не само лица кои бараат работа. Во развојот на програмата за учење ќе бидат вклучени две организации- од Ирска и од Грција. Тие ќе ги пренесат знаењата и искуствата поврзани со стимулирање на претприемачкиот дух кај руралното население и ќе развијат програма за учење.

Покрај тоа, онлајн алатката ќе биде дизајнирана и објавена на веб-страницата на проектот. Приодот на проектот е пазарно ориентиран и партиципативен и вклучува три фази на флексибилно времетраење, во зависност од тоа како процесот напредува.

ДООЕЛ „Пробио“ за овој проект, од европската програма ЕРАЗМУС+ доби неповратен финансиски грант во вредност од 62,355 евра. Парите ќе бидат искористени за реализација на проектот со краен рок до 31.12.2017.

Доколку сакате да дознаете повеќе за ЕРАЗМУС+ програмата, како и можностите кои ги нуди, сите информации може да ги прочитате ОВДЕ