Коч  е најдобро рангираниот унверзитет во Турција, каде што студираат околу 5500 студенти.

Коч Универзитетот е приватен и непрофитабилен, а колеџите ги опфаќаат општествените и социјални науки, администрација, економија, наука, право и медицина. Основан е во 1993 година и соработува со повеќе интернационални партнери за размена на студенти како што се Универзитетот во Калифорнија, Корнел и Џорџтаун универзитетот во Америка.

Оваа образовна институција е лоцирана во Истанбул, а во склоп на универзитетот има и студенски кампус. Коч е познат по тоа што голем дел од студентите веднаш наоѓаат работа, па дури и пред дипломирањето, додека пак за време на студиите имаат барем по две пракси во големи компании.

Поради тоа што на овој универзитет се „тренираат“ идните  најдобри кадри во науката во Турција, од програмата Хоризон 2020, Коч за 15 проекти, во само три години добил 8.827.449 евра.

Доколку сте заинтересирани да дознаете нешто повеќе за Хоризон 2020, како и можноста да аплицирате со ваш проект за неповратни финансиски средства, повеќе информации прочитајте ОВДЕ