Кипарскиот институт е непрофитна истражувачка и едукативна институција со научна и технолошка ориентација.

Институтот е интернационално препознатлив и спаѓа во светската класа на истражувачки институции.  Поделен е на три истражувачки центри: Енергија, животна средина и вода, потоа Наука и технологија во археологијата и последниот Наука и технологија во соработка со Универзитетот во Илиноис, Америка.

Соработува и со други институти- партнери: Центарот за истражување и реставрација во Лувр, Париз и Универзитетот во Масачусетс.

Само во последните 3 години, од европската програма Хоризон 2020 за 13 проекти има добиено неповратни 6.542.681 евра. Милионската сума со која Европската комисија го поддржува Кипарскиот институт се должи на посветеноста, успешноста и мотивот на институтот- да се подобри општеството, како и поголем напредок на земјата Кипар.

Доколку сте заинтересирани за програмата Хоризон 2020, или пак Косме, Еразмус +, Медиа, повеќе информации може да прочитате ОВДЕ