Универзитетот Кембриџ е основан во 1209 година и спаѓа во трите најстари колеџи на светот каде што се зборува англиски.

Лоциран во Англија, универзитетот за јавно истражување е поделен на 31 колеџ, со повеќе од 100 академски оддели, како и лабаратории и институти. Во склоп на факултетот се наоѓа и Кембриџ Прес- најстарата издавачка куќа во светот, како и осум музеи и огромна библиотека.

Кембриџ е на 4-то место на ранг листата на најдобри универзитети во светот, а најпознат е по своите достигнувања во технологијата, како и бројните успешни научни истражувања.

Бројни угледни и едни од најзначајните имиња во светот, биле студенти или пак истражувачи во Кембриџ. Еден од нив е и Сер Ајсак Њутн, кој повеќето од своите најважни експерименти ги направил на Кембриџ. Дел од Универзитетот биле и Чарлс Дарвин, Стивен Хокинг, Лорд Бајрон, Хју Лори, Џон Клиз, Силвија Плат, па дури и Борат, односно Саша Барон Коен. Списокот е премногу долг, но и богат со дел од најсупшните луѓе во историјата.

Најголемите светски изуми и иновации се направени токму на Универзитетот Кембриџ, па затоа секоја година, Европската комисија му помага на универзитетот преку неповратни финансиски грантови.

Од програмата Хоризон 2020, во период од 2014-2016 година, Кембриџ е добитник на неповратни финансиски средства во износ од 176.875.347 евра. Финансиите се распределени за вкупно 264 проекти. Еден од проектите е Umobile– универзална опортунистичка архитектура за комуникации:

O futuro da comunicação entre telemóveis está no Ciência 2017. Projeto do COPELABS na zona de demonstrações. @encontrociencia #ciencia2017pt #encontrocienciapt #ciencia_pt

Posted by Ciência 2017 on Dienstag, 4. Juli 2017

 

Доколку сакате да дознаете повеќе за програмата Хоризон 2020, како и за начинот на аплицирање со проект, сите информации може да ги најдете ОВДЕ