Katholieke Universiteit Leuven“ е истражувачки универзитет во Белгија, каде што се застапени правото,уметноста, филозофијата, медицината, технологијата, научните истражувања како и социјалните науки. 

Универзитетот важи за најголем во Белгија, со 55 000 студенти годишно. Главен јазик е холандскиот, но неколку програми се и на англиски јазик.

Katholieke Universiteit Leuven“ се вбројува во топ 100 најдобри универзитети во светот, според академското рангирање. Во 2016 и 2017 година, истражувачите од овој универзитет имаат повеќе патентирани откритија од било која друга ваква институција во Европа.  Поради ова спаѓа и во топ листата за најинвентивни унверзитети на светот.

Првиот Католички универзитет во Лувен се отворил во 1425 година, а од 1968 година е поделен на два нови универзитети- едниот на кој се зборува холандски и вториот каде се зборува француски и е префрлен во друг град.

Универзитетот има потпишано и  Еразмус договор со 434 европски институции за размена на студенти. Најголем број на студентите доаѓаат од Холандија, а од неевропските земји има доста студенти од Кина.

Голем број на познати светски научници, истражувачи, политичари имале чест да бидат на некаков начин дел од овој универзитет. Ангела Меркел има почесен докторат, а исто така и претседателот на Чиле, актерот Роберто Бенини и Бан Ки Мун- генералниот секретар на ОН.

Хоризон 2020 е еден од главните финансиери на овој престижен универзитет. За 167 проекти во изминатите три години, „ Katholieke Universiteit Leuven“ од европската програма Хоризон има добиено околу 100 милиони евра за истражување и патентирање на проекти.

Последен од низата успешни проекти на КУ Лувен е проектот направен со помош на Хоризон 2020- дизајнирање и рециклирање на магнетни мотори и генератори за електрични возила.

Уште еден во низата проекти во соработка со Хоризон е и „Инодија“- подобрени третмани и лекувања во борбата против дијабетисот.

„New-mine” е уште еден општокорисен проект за општеството. 15 истражувачи од Лувен работат на создавањето цигли од отпад, со цел да се зачува животната средина, но и да се намалат финансиските трошоци при градење.

 

Ова се само мал дел од корисните проекти кои ги изработија експертите од КУ Лувен во изминатите три години под покровителство на Хоризон 2020.

Доколку и вие имате некоја одлична идеја, или пак сакате да научите повеќе за проектите и програмата Хоризон, повеќе информации на следниот линк-https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdKnKe2X_5TpwnE8I1Onu4fxO1H1o-CSU5mExdcZ_pdpnV1w/viewform?c=0&w=1