Каталонскиот институт за нанотехнологија и нанонаука е непрофитен интернационален истражувачки центар, лоциран во Барселона.

Фокусот на истражување на институтот се новооткриените физички и хемиски својства кои произлегуваат од фасцинантно однесување на материјата на наноскалата.  Поле на интерес се промените кај  макромолекулите, атомите, наноделчињата, биоматеријалите, нанотубите…

Поради големиот придонес на Каталонскиот институтот во важни области како медицината, енергијата и микроелектрониката, од програмата на ЕУ- Хоризон 2020, за вкупно 15 проекти, доби неповратни финански средства во износ од 7.016.594 евра.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за програмата Хоризон 2020, како и условите и начини за аплицирање, повеќе информации може да прочитате ОВДЕ