Институтот за комуникации и компјутерски системи во Атина, за реализација на 54 проекти во периодот од 2014-2016, од програмата Хоризон 2020 е финансиран со неповратни грантови од 24 милиони евра.

Институтот е дел од Националниот технолошки Универзитет во Атина и е основан во 1992 година. Во склоп на Универзитетот се наоѓа и Факултетот за електроника и компјутерско инжињерство. Токму поради овој факултет е основан и институтот- како поддршка за сите истражувачки проекти, а воедно и за подобрување на истражувачката лабараторија и обновување на опремата.

Дел од најважните проекти на Институтот за комуникации и компјутерски системи се од областа на медицината, поточно од „силико“ онкологијата. Се работи на најнови технологии за превенција и рано откривање на рак, како и за поуспешно лекување.

Европската комисија го препозна квалитетот на оваа институција и затоа беа наградени со грантови од 24 милиони евра., преку програмата Хоризон 2020.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за оваа програма, како и другите програми за финансирање на Европската Комисија, повеќе информации може да прочитате ОВДЕ