Институтот за бизнис економија од Скопје е е научно-истражувачка и консултантска институција во областа на економските и организациони науки.  На институтот се изработени голем дел на проекти, кофинансирани од фондовите на Европската Унија, а еден од нив е „Иновативно стратешко партнерство за европско високо образование“

Периодот на спроведување на проектот беше од 2015 до 2016 година, Институтот за бизнис економија се јавува како координарот, а како партнери се јавуваат универзитети од Италија, Словенија и Латвија.

Главната цел на проектот е поддршка на развојот на иновативни научно-наставни методи и идеи преку долгорочна стратешка соработка на високообразовни институции и компании на европско ниво и подобрување на развојот на одржлив научен напредок во високообразовните институции.

Специфичните цели на објектот се:

– Имплементација на модели за ефективно и практично учење, преку подигнување на свеста за создавање на култура подобна за иновации: воспоставување на најдобри едукативни практики посветени на подобрување на постоечките наставно-научни методи во партнерските институции, поттикнување на иновација, креативност, како и бизнис и лидерски вештини,

–  Правење на основа за промовирање на иновациите и различни кариерни опции помеѓу сегашните и идни студенти: развој на соработка помеѓу сите стејкхолдери посветена на зголемување на заедничките врски на сите оперативни нивоа, фокусирање на промоција на интрапретприемништво.

-Развој на иновативно ИТ решение – платформа: креирање на иновативно решение кое ќе ги поврзе сите заинтересирани страни и ќе креира широк спектар на можности за споделување на искуства, заедничко дејствување и додадена вредност на вклучените страни во проектот.

Овие цели се одговор на повеќе потреби како што се: зајакнувањето на врската помеѓу високообразовните установи и бизнис секторот, поставување на заеднички модерни наставно-научни практики, на база на постоечки курикулуми кои веќе ги имплементираат партнерите во проектот, подигнување на свеста за иновација кај студентите и подобрување на интрапретприемничката култура во бизнис секторот. Главната цел на проектот е да се даде одговор на овие потреби, за да се создаде иновативна култура, подржана од долгорочна постојана соработка помеѓу високообразовните институции и бизнис секторот, како и креирање на најдобри наставно-научни практики помеѓу високообразовните институции, со цел зајакнување на иновативните и претприемачките капацитети на студентите.