Преку СМЕ инструментот на европската програма Хоризон 2020, фирмата „D-Managment” успеа да го финализира проектот „DrugStop” и за негова реализација да добие 71.429 €.

DrugStop е проект за детекција на дроги и лична заштита. Поради многуте случаи на силувања, грабежи и изживувања врз жртви кои биле искористени преку ставање дрога во пијалокот, компанијата „D- Managment” се решила да го направи овој проект кој би спасил многу потенцијални жртви. Бројките кои укажуваат колку личности се злоупотребени на ваков начин се страшни- дури 103 ооо луѓе од ЕУ, во рок од една година пријавиле вакви инциденти.

Направата „DrugStop” има способност да открие дали во вашиот пијалок е вметната некаква дрога, како превенција пред да посегнете по чашата и да се напиете. Оваа направа ќе биде корисна како за индивидуалните корисници, така и за персоналот и сопствениците на барови, пабови, дискотеки. Со користење на „DrugStop”  ќе бидат спречени голем број злоставувања со дрога, а и ќе се откријат и криминалците кои се обидуваат да ги издрогираат своите жртви.

Компанијата за подготвка на проектот, аплицирала во Хоризон 2020 програмата, а истиот се реализирал од 2015-2016 година.

Доколку сте и вие заинтересирани за програмата Хоризон 2020 како и СМЕ инструментот повеќе информации може да прочитате на следниов линк- https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdKnK-e2X_5TpwnE8I1Onu4fxO1H1o-CSU5mExdcZ_pdpnV1w/viewform?c=0&w=1