Проектот под наслов „CLIL and Technologies of Information and Communication (ICT): from theory to school practice” во период од 18 месеци ќе биде имплементиран од страна на наставниците во грчкото средно училиште „Mygdonia”.

Овој проект потенцијално ги вклучува сите вработени во училиштето. Тие ќе ги добијат придобивките од личното учество на тројца наставници- носители на акцијата. Тука спаѓаат наставникот по компјутерски науки и директорот на училиштетот, наставник по грчки јазик и литература и геолог.

Покрај академската обука, сите тие го имаат потребниот ентузијазам и подготвеност за истражување кои се неопходни кога се учествува во вакви програми. Таргетот на планот за проектот е од инклузивна и иновативна природа: врз  основа на педагошкиот принцип дека образованието е отворено за сите европски граѓани, училиштето со применети наставни практики ќе се бори против дискриминација, проблеми во учењето, различност меѓу учениците.

Во оваа училишна заедница, истражено е дека кај 10-15 проценти ученици по класа се дијагностицирани повеќе или помалку интензивни проблеми во учењето. Поднесувањето на овој проект произлегло токму од потребата да се ажурира образовната заедница преку активности и обуки на семинари, како и развој на стратегии кои би им помогнале на сите ученици, а акцентот би бил на поранливата група ученици кои слабо учат.

Проектот има за цел да ги запознае наставниците во училиштето со педагошки алатки, методолошки предлози и метакогнитивни стратегии за планирање на активностите во наставата по сите предмети.

Овој проект на  училиштето од Солун, стартуваше 1 јули 2016, а ќе трае се до 31 декември 2017 години. Од европската програма Еразмус +, проектот е финансиран со неповратен грант од 15,276 EUR.

Доколку сакате да дознаете повеќе за програмата Еразмус +, како и целосни информации околу тоа со каков проект може да аплицирате, тоа може да го сторите ОВДЕ