Асоцијацијата за Напредок, Едукација и Лобирање – НЕЛ е непрофитна, невладина организација со цел да ја подобри ситуацијата на младите луѓе и жени во сите сфери на социјалниот живот. Ова се постигнува со промоција на човековите права и волонтеризмот и нивните вредности, правејќи ги овие работи да бидат овозможени за сите граѓани.

Проектот „Experience EuroAsia and Empower” e финансиран од европската програма ЕРАЗМУС+ и е само дел од големиот број на проекти сработени и имплементирани од асоцијацијата НЕЛ.  Оваа асоцијација се јавува како координатор на проектот, во кој се вклучени уште три партнерски асоцијации од Малезија, Португалија и Шпанија.

Во описот на проектот стои дека има за цел да ги оспособи претставниците на невладините организации со алатки за еколошко образование, социо-економски развој и младинска свест за знаењето, како моќни алатки кои можат да им помогнат на учесниците и третите корисници на енергија во позитивни и претприемачки активности. Корисниците се претежно млади луѓе кои доаѓаат од кревко економско и социјално потекло, оддалечени области или области со висок степен на загадување.

Проектот главно ги таргетира претставниците на НВО кои работат на тема на животната средина. Проектот е насочен кон  три одредени земји од Европа (Португалија, Шпанија и Македонија) и Азија (Малезија), кои можат да разменуваат добри практики, знаење и искуства во развојот на зелените економии. Одржливиот развој бара европски одговори. Индивидуалните акции, иако корисни, сами по себе не би биле доволни за да се решат проблемите со глобалната одржливост, како што е заштитата на животната средина. Ако сакаме да создадеме чувство на колективна одговорност, тогаш учењето ќе мора да игра клучна улога.

Овој проект стартуваше на 01-08-2016 и ќе трае се до 31-07-2018. Проектот вклучува осум активности кои ќе се одвиваат во четирите земји учесници во „Experience EuroAsia and Empower”. За потребите на спроведувањето на проектот, од европската програма ЕРАЗМУС+ се издвоени 112,163.86 EUR. Овие финансиски средства се неповратни.

Доколку сакате да дознаете повеќе за ЕРАЗМУС+, како и можностите за добивање на неповратен грант за вашиот проект, сите информации може да ги прочитате ОВДЕ